Придобивки од НАТО

Стабилност и безбедност

  • Интеграцијата на Македонија во НАТО ќе значи цврсти државни граници, безбедност и сигурност за нашите деца и за идните генерации.

  • НАТО-алијансата е посветена на паметна одбрана, која се потпира на здружени ресурси помеѓу сојузниците.

  • Преку учеството на АРМ во мировните и хуманитарните операции се овозможува
    практично усовршување на обученоста на единиците, а научените лекции претставуваат големо искуство во планирањето на АРМ.

  • Бришењето на меѓудржавните спорови и зголемената безбедност на границите води кон подобрување на конкурентноста и атрактивноста на земјата за надворешните бизниси. Ова се потврди низ примерите на сите земји што се интегрираа во НАТО изминативе години.

стабилна економија, нови работни места

Македонија ќе биде рамноправна земја-членка во најголемиот и најмоќниот сојуз во светот. За Македонија тоа значи да застанеме на мапата на безбедни и сигурни бизнис-дестинации. Со влезот во Алијансата, би се отвориле и границите за домашниот бизнис со што ќе се подобри животниот стандард на македонските граѓани.

Интеграцијата во НАТО има позитивно влијание врз развојот на инфраструктурата. Ќе се градат нови патишта, железници, комуникациски и енергетски системи. Покрај тоа, членството во НАТО ќе влијае позитивно и врз други сектори како што се информатичката и телекомуникациската индустрија, туризмот и образованието.

НАТО значи и економска безбедност

Анализите покажуваат дека економиите на сите земји, по влезот во Алијансата, доживеале драматичен пресврт. Се бележи двојно до тројно зголемување на странските инвестиции, кои значајно го придвижуваат економскиот раст.

Црна Гора, земја-членка на НАТО од Април 2017 година, само за една година бележи двоен раст на инвестициите, од 96 милиони евра на 215 милиони евра во 2018. Исто така, Црна Гора бележи и 25% раст на туристи кои доаѓаат од НАТО земји-членки.

Една година откако стана членка, во Бугарија инвестициите пораснале за цели 36% – од 7,5 милијарди евра во 2004 на 11,5 милијарди евра во 2005.

Тројно зголемување на инвестициите се случува во Естонија, по влезот во Алијансата. 2004 година – 775 милиони евра. 2005 година – 2 милијарди евра.