Category Archives: Најава

Граѓански трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Аеродром, Ѓорче Петров, Кавадарци, Арачиново, Чучер Сандево и Битола

Во среда (19 септември) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Во 18:00 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на трибина со граѓани во општина Аеродром, во паркот Јане Сандански.

Од 18:15 часот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе биде со граѓаните на општина Ѓорче Петров, а во 19:00 часот ќе одржи мини трибина во урбаната заедница Даме Груев.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе биде со граѓаните во населени места низ општина Кавадарци од 13:30 часот. Николовски ќе ги посети и откупните пунктови, ќе даде изјава за медиумите, а во 17:30 часот ќе се обрати на трибина со граѓаните на село Марена.

Од 17:00 часот министерот за здравство Венко Филипче ќе има средби со граѓаните во општина Арачиново.

Од 16:00 часот заменикот министер за образование Петар Атанасов ќе биде со граѓаните во општина Чучер Сандево, односно селата Кучевиште и Побожје.

Дополнително, Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, заедно со Џорч Робертсон, поранешен генерален секретар на Алијансата во 18:00 часот ќе учествуваат на трибина со граѓани пред музејот во Битола.

Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Кратово, Пробиштип, Радовиш, Тетово, Битола и Сарај 18.09.2018

Во вторник (18 септември) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани во Кино салата во Кратово, со почеток од 18:15 часот.

Потоа, на Секундарниот плоштад, премиерот ќе се одржи трибина со граѓаните на Пробиштип, со почеток од 20:15 часот.

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Претходно, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде со граѓаните на Радовиш, а во 19:15 часот ќе учествува на трибина во Културниот центар-Радовиш.

Во 15:00 часот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе ја претстави програмата Еразмус + и обуките за стручно образование во училиштето Моша Пијаде во Тетово. Потоа министерката ќе биде со граѓаните низ Тетово.

Од 13:00 часот, министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде со граѓаните на Битола.

Од 16:00 часот министерот за здравство Венко Филипче ќе има средби со граѓаните во неколку населени места низ општина Сарај.

Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Охрид, Струга, Штип, Берово, Македонска Каменици, Делчево Ново Село и Чашка, 17.09.2018

Во понеделник (17 септември) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани пред Домот на култура во Струга, со почеток од 17:30 часот.

Потоа, премиерот ќе се обрати на голем граѓански собир на плоштадот во Охрид, со почеток од 20:15 часот.

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Претходно, во 18:30 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе разговара со граѓаните на Берово.

Во 14:00 часот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе има изјава за медиумите пред новиот дневен центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица. Од 14:30 министерката ќе биде со граѓаните на Делчево.

Од 13:30 часот, министерот за траснпорт и врски Горан Сугарески ќе биде со граѓаните на Штип.

Исто така, од 17:00 часот заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлевски ќе се дружи со граѓаните на Ново Село, а од 13:30 часот заменикот министер за образование Петар Атанасов ќе биде со граѓани во населените места низ општина Чашка.

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири, почнувајќи од 12:30 часот е меѓу граѓаните на Дебар, каде што попладнето во 17:00 часот ќе се обрати на граѓанска трибина во центарот на градот.

Марш за европска Македонија и голем граѓански собир, 16.09.2018

Денеска коалицијата Заедно за европска Македонија, заедно со граѓаните организира Марш за европска Македонија кој ќе заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје.

Маршот тргнува пред зградата на Црвениот крст со почеток во 13:30 часот, а завршува пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14:00 часот.

Во 14:00 часот започнува официјалната програма на големиот граѓански собир на којшто ќе се обратат:

  • Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија;
  • Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија;
  • Сања Арсовска, актерка и синдикален претставник;
  • Томислав Кежаровски, новинар;

 

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Гази Баба, Кавадарци, Радовиш, Росоман, Карбинви и Неготино 15.09.2018

Во сабота (15 септември 2018) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓаните на општина Гази Баба, на Место Коцка-Автокоманда (позади Дом на културата), со почеток од 17:30 часот.

Потоа, премиерот ќе разговара со граѓаните на Кавадарци на градскиот плоштад, со почеток од 20:15 часот.

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Претходно, во 15:30 часот, на плоштадот во Радовиш министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе учествува на трибина со граѓани.

Од 15:00 часот, министерот за здравство Венко Филипче ќе биде со граѓаните на општина Росоман.

Од 13:00 часот, Националниот коориднатор за НАТО Стево Пендаровски ќе се дружи и разговара со граѓаните на Неготино.

Потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, после 13:00 часот е со граѓаните на Карбинци.

Пратениците од коалицијата ЗА европска Македонија, заеднички ќе го одбележат денешниот Меѓународен ден на демократијата, 15-ти септември.

Со почеток во 12:00 часот, пред главниот влез на Собранието на Република Македонија, во присуство на пратениците од коалицијата ЗА европска Македонија, обраќање ќе имаат: Ивана Туфегџиќ, пратеничка, Бојан Петрески и Џевад Адеми, пратеник.

Димитров: Следниот суштински чекор по патот кон европска Македонија е гласот на 30 септември

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска беше во Охрид. Тој се сретна со градоначалникот Јован Стојановски, а за време на прошетката низ градот се виде и разговараше со граѓани од Охрид и регионот на теми кои се битни за нив.

Како последна активност за време на посетата имаше граѓанска трибина која се одржа во просториите на Општината на град Охрид. Пред преполната сала, министерот Димитров се осврна на предизвиците со кои се соочуваат охриѓани, а како еден од главните предизвици беше идентификуван проблемот со одливот на младите од регионот. „Ова е реален предизвик за Охрид и околината. Младите си одат во потрага за подобар живот, од град со огромен потенцијал. Тоа е нешто што мора да го смениме. Патот до таму не е краток, ниту па лесен и само одговорно и со многу работа ќе стигнеме до целта. Мора да успееме. Важно е да тргнеме по патот, низ вратата, со исправена глава. Следниот суштински чекор по патот кон европска Македонија ќе се случи на 30 септември“ – кажа министерот Димитров.

Министерот се осврна и на економските бенефити од НАТО што во голема мера ќе имаат релативно брз позитивен ефект во Охрид и околината, преку развој на туризмот но со фокус на еколошката одржливост и со внимателно планирање и имплементација на тој развој, со исклучиво важен акцент ставен на заштитата на животната средина.

Активностите на министерот за надворешни работи Никола Димитров викендов продолжуваат во Скопје.


(Најава) Трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Демир Хисар, Кичево, Струмица, Прилеп и Струга 14.09.2018

Ве информираме дека денес (14.09.2018, петок) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани во Домот на култура во Демир Хисар, со почеток од 18:00 часот. Потоа, премиерот ќе разговара со граѓаните на Кичево на градскиот плоштад, со почеток  од 20:15 часот. (пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Почнувајќи во 11:00 часот, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на панел дискусија со германскиот државен секретар за Европа Михаел Ротх на Античкиот театар во Охрид. Попладнето, со почеток во 17:00 часот, МНР Димитров ќе разговара со охриѓани со општинската сала.

Од 15:00 часот министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе биде со граѓаните на Струмица.

Од 14:00 часот министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе биде со тутунарите и земјоделците во општина Прилеп a министерот за здравство, Венко Филипче со граѓаните на Струга од 12:00 часот.

Средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Виница, Лозово и Могила, 13.09.2018

Во четрврок (13.09.2018), Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи средби со граѓани, трибини и собири.

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски, денеска е со граѓаните на Лозово. Во 12:00 часот Ременски ќе даде изјава за медиуми.

Почнувајќи од 12:30 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува на регионалниот пензионерски собир во манастирот Св. Спас, по што ќе следува и изјава за медиумите.

Во попладневните часови министерката Шекеринска ќе биде со граѓаните на Виница.

Од 13:30 часот, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе биде со граѓаните на општина Могила.  

Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Крива Паланка, Куманово, Кочани и Пехчево, 12.09.2018

Ве информираме дека денес (12.09.2018, вторник) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани на плоштадот во Крива Паланка, со почеток од 18:00 часот.

Потоа, премиерот ќе се обрати на голем граѓански собир на плоштадот во Куманово, со почеток  од 20:15 часот.

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Почнувајќи од 13:00 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде со граѓаните на Кочани.

Шекеринска има средба и со градоначалникот на Кочани, а во 13:30 предвидена е изјава за медиумите.

Во 17:00 часот, министерката Шекеринска ќе се обрати на граѓански собир во маалото Сиви дом, во Кочани.

Од 13:15 часот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе има изјава за медиумите пред подрачната канцеларија на МТСП, по што министерката ќе биде со граѓаните во Пехчево.

Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Македонска Каменица, Делчево, Пробиштип, Демир Капија и Старо Нагоричане 11.09.2018

Ве информираме дека денес (11.09.2018, вторник) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани во Домот на култура во Македонска Каменица, со почеток во 18:00 часот.

Потоа, премиерот ќе разговара со граѓаните на Делчево на летната сцена пред Спомен дом на АСНОМ, со почеток во 20:15 часот.

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук профилот и Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Почнувајќи од 13:15 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде со граѓаните на Пробиштип.

Шекеринска ќе се сретне со градоначалникот на Пробиштип, по што ќе следуваат заеднички изјави за медиумите (13:45 ч).

Во 19:00 часот, министерката ќе се обрати на граѓански собир во Злетово, општина Пробиштип.

Од 12:30 часот, министерот за транспорт и врски Горан Сугрески ќе биде со граѓаните на Дојран.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски и заменикот министер за животна средина Јани Макрадули ќе бидат со граѓаните во Демир Капија од 13:00 часот.

Николовски ќе ги посети пунктовите за откуп на грозје во с. Корешница, по што во 14:00 часот Николовски ќе даде изјава за медиуми.

Во 19:00 часот, двајцата ќе имаат обраќање на граѓанскиот собир на плоштадот во Демир Капија.

Од 13:10 часот, заменикот министер за образование Петар Атанасов ќе биде со граѓаните во Старо Нагоричане.