Category Archives: Настан

Премиерот Заев од Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на нашата државност, јазик и идентитет, нашата генерација носи историска одлука

– Од Вашингтон дојдов во Богданци. Добивме поддршка и од претседателот Трамп, за покажаното лидерство, за градењето пријателство, за односот фокусиран кон иднината. Стигна и порака од францускиот претседател Макрон, ни ја гарантира иднината во НАТО и ЕУ. Дојдоа во Македонија канцеларката Меркел, канцеларот Курц, Могерини.

Ова е исто така признание на нашата државност, јазик и идентитет, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на денешната трибина во Богданци.

Тој додаде дека целиот свет ѝ дава поддршка на Република Македонија, а прашањето со референдумот е дали ќе бидеме дел од светот или сами во светот.

Премиерот Заев рече дека ја разбира мачнотијата од географската одредница, но укажа дека со договорот од Преспа се потврдуваат македонскиот јазик и идентитет.

– Го потврдивме нашиот јазик и идентитет. Имаме држава признаена од цел свет, македонски народ признаен од цел свет, којшто говори јазик признаен од цел свет. Во Европскиот Парламент како македонски премиер зборував на македински јазик. Тоа е потврда на нашиот јазик и идентитет. Со овој договор ги остваруваме вековните аспирации на нашите претци, рече премиерот Заев.

Тој рече дека ги охрабрува сите да гласаат на референдумот.

– Сите деца ќе влезат во НАТО и во ЕУ, но некои луѓе ќе се горди на себе како постапиле, некои ќе жалат, а некои ќе се срамат. Требало да се прават уставни измени. Тие ќе бидат еден амандман и како што е наведено во договорот, ќе се внесе географската одредница, со повикување на документите од АСНОМ за македонската државност, со водење грижа за дијаспората како секаде во Европа и без иредентизам и територијални претензии. Со успешен референдум, ова е работа на Собранието, дополни претседателот на СДСМ и премиер Заев.

– Ова е одлука на нашата генерација. Шансата може да ни се повтори за 50 години. На 30 септември не се седи дома, на 30 септември се гласа, се испишува историја, се гласа За европска Македонија, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината во Богданци.


Царовска во Илинден: Младинската гаранција која се применува и во земјите од ЕУ ги активира младите на пазарот на труд

Унапредување на социјалните услуги за граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, социјалната реформа, но и Гаранцијата за млади беа темите на кои министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, разговараше со жителите на Општина Илинден.

„Активирањето и промовирањето на вработувањето на младите на пазарот на трудот го подобрува преминот на младите од училиште на работа. За таа цел ја имаме Гаранцијата за млади за која до крајот на годината се предвидени 8,8 милиони евра, а чија цел е да ги задржи младите во Македонија. Истата оваа мерка со години наназад се применува и во земјите од ЕУ. Европската Унија вложува во унапредување на работничките права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани“, потенцираше министерката Царовска на средбата од врата до врата со жителите од Илинден.

Исто така, министерката детално ја објасни социјалната реформа со која се зголемува гарантираниот минимален приход, но и се воведуваат нови додатоци за намалување на детската сиромаштија.

 


Николовски во Старо Нагоричане: Младите се двигател на земјоделството, со влезот во НАТО и ЕУ, ќе добијат поголема финансиска поддршка за сопствен агробизнис

Младите се нашата иднина, тие кои треба да бидат двигател на македонското земјоделство, затоа сме фокусирани на воведување на мерки кои ќе ги мотивираат младите земјоделците да започнат сопствен агробизнис, а на тој начин ќе влијаме врз зголемување на вработеноста во руралните средини, порача денеска министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовки на средбата со земјоделци од Старо Нагоричане.

Министерот ги информираше земјоделците за критерумите за новиот јавен повик кој се објави вчера за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за младите земјоделци.

„Со новите критериуми за огласот за млади земјоделци ги охрабруваме младите лица кои сакаат да инвестираат во опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинксо потекло, и сакаат да отворат сопствен агробизнис, а посебен акцент ставаме на сите оние млади луѓе кои се невработени повеќе од две години, како и млади членови на земјоделски задруги. За прв пат оваа година, приоритет им даваме и на оние млади луѓе кои имаат интерес да започнат или се занимаваат со сточарство, поради што во новиот повик ќе се поддржи и набавка на добиток од увоз или од признати организации и инвестиции во опрема. А, со нашето членство во НАТО и ЕУ, ќе се зголеми финансиската поддршка од европските фондови за младите земјоделци кои сакаат да започнат свој агробизнис“, изјави Николовски.

Воедно министерот Николовски ги информираше земјоделците од Старо Нагоричане за тековните мерки кои се преземаат, како и за идните политики за развој на земјоделството. Една од новите мерки како што посочи Николовски, е новиот Закон за пасишта, со кој ќе се регулира доделувањето и користењето на пасиштата, што беше нотирано како слабост и од страна на ЕУ.Во рамки на посетета министерот Николовски имаше работен состанок со градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, на кој што се разговараше за мерките од Програмата за рурален развој, за кои што можат да конкурираат општините, а кои што ќе придонесат за подобрување на патната и канализационата инфраструктура.


Царовска во Ѓорче Петров: Со влезот во ЕУ и НАТО, општините ќе добијат пристап до повеќе пари со кои ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните

Унапредувањето на социјалните услуги за граѓаните, борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, воведувањето на минималниот гарантиран приход, беа теми на кои министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска разговараше со жителите на Ѓорче Петров.

„Заедно со општините работиме на зголемување на згрижувачките капацитети и подобри услови во детските градинки. Со влезот во ЕУ локалните самоуправи ќе добијат пристап до повеќе средства наменети за подобар квалитет на живот на граѓаните. Со овие пари ќе се подобри локалната инфраструктура и социјалните услуги кои ги нудиме„ изјави министерката Царовска во Ѓорче Петров.

Со приближувањето до ЕУ, истакна Царовска, поддршката за социјална заштита постојано расте. Европската социјална повелба ги гарантира социјалните и економските човекови права, а ЕУ вложува во унапредувањето на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани.“

Министерката Царовска за придобивките од ЕУ и НАТО говореше и на трибина, а се сретна и градоначалникот на Ѓорче Петров.

 

 

Николовски: Со влезот во НАТО и Европската Унија, нашето македонско вино добива европска етика, сигурен пласман и повисоки цени

Со влезот во НАТО и Европската унија, нашето вино добива европска етика, субвенциите кои сега ги исплаќаме за лозарите и коишто се повисоки ќе доаѓаат директно од буџетот на ЕУ, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на вчерашната трибина во селото Марена, општина Кавадарци.

На трибината, Николовски потенцираше, дека лозарството е стратешка извозна гранка и затоа секоја мерка што ја носи Владата е во насока на развој на овој сектор.

„Донесовме нова мерка, 1 денар субвенција за килограм предадено грозје. Комплетно ги исплативме субвенциите, одржување на лозови насади, се исплатија 745 милиони денари,  годинава ги зголемивме овие субвенции за 20 отсто. Ниту една винарија веќе нема долг кон лозарите. Во 2017 година се постигна највисока откупна цена за грозјето од 13,67 денари за килограм, што е највисоката цена во последните шест години. Ги поддржавме винарите, со тоа што ја дуплиравме поддршката за настап на меѓународни саеми“, изјави министерот Николовски.

При тоа, Николовски потенцираше дека со влезот во НАТО и ЕУ, ќе се зголеми финансиската поддршка од европските фондови, откупните цени и ќе се обезбеди сигурен пласман за македонските земјоделски производи, вклучително и за македонското вино.

„Само на тој начин може да ги решиме проблемите, само така може да направиме квантен скок и да не зборуваме за раст од 3 отсто и да не зборуваме за 1 или 2 денари субвенции, да зборуваме за повисоки откупни цени, за сигурен пласман, отворање на пазар од 500 милиони потрошувачи, за инвестиции во земјоделството. Многу повеќе можеме заеднички да направиме со меѓународни партнери со НАТО и  ЕУ, заеднички со сите овие структурни фондови и 100-тици милиони евра кои на Македонија ќе и стојат на располагање. Затоа 30- ти септември е историска шанса за сите нас, за сите идни генерации, мора да ја искористиме за Македонија да оди напред со крупни чекори кон НАТО и ЕУ“, изјави Николовски.

Николовски од трибината порача дека не само земјоделството, со членството во НАТО и ЕУ, ќе се зголемат европските фондови и за  општините во земјава, со кои ќе  инвестираат во рурален развој и подобри услови за граѓаните, земјоделците. Кавадарци  досега има искористено околу 4 милиони евра средства од Европските фондови. Со приближување до ЕУ и НАТО поддршката ќе расте.

 


Пендаровски и Робертсон на граѓанска трибина во Битола: Гласањето на рефереднумот е императив, време е за Македонија, да биде дел од ЕУ и НАТО

Националниот координатор за НАТО и поранешниот генерален секретар на Северноатлантската алијанса, Џорџ Робертсон, кој е лидер на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ, вечерва учествуваа на трибина со граѓаните на Битола.

На трибината, говорниците се осврнаа на придобивките од членството во НАТО и ЕУ, пpитоа ставајќи посебен акцент на информирањето за бенефитите кои ќе ги има Македонија како дел од европската заедница и НАТО.

Националниот координатор Пендаровски зборуваше за историската шанса за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, што е остварување на децениските државни и национални интереси и го акцентираше обезбедувањето на македонскиот идентитет.

 

 

– Живееме во време на лажни вести, во време на една стара политичка пропаганда која не убедува дека на 30 септември, нема да гласаме за тоа што сите мислиме дека треба да гласаме, дека прашањето не е такво какво што е поставено, туку дека наводно се крие некаква друга злокобна агенда за македонскиот народ и за граѓаните и за државата во целина. Еве сме да ја кажеме вистината која ја кажувавме неколку пати досега. Договорот го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик, посебноста и ја обезбедува иднинта, рече Пендаровски објаснувајќи дека Договорот со Грција е реален и го гарантира македонскиот идентитет и јазик.

Лажни се вестите, дека Македонија ќе влезе во војна и ќе се распадне, подвлекувајќи дека напротив со влегувањето во сојуз со НАТО, земјата ќе обезбеди стабилност, просперитет и услови за европска иднина за младите, додаде тој.

Пендаровски посебно им се обрати на младите, кои како иднина на државата, знаат кој е просперитетот од влегувањето во ЕУ и НАТО, но мора да излезат и да гласаат.

Пендровски додаде дека референдумот на 30 септември е со идентична важност и еднаква историска тежина како референдумот за независност од 8 септември 1991 година и затоа треба масовно да се излезе и да се гласа ЗА интеграција во ЕУ и НАТО и за навек да се утврди македонската државност во целиот свет.

Сер Робертсон, кој беше десеттиот Генерален секретар на НАТО во периодот од 1999 до 2004 година истакна дека излегувањето на гласање на престојниот референдум е исклучително важно затоа што  станува збор за прашање за иднината на земјата.

Моите внуци би рекле дека вие сте на десет преспивања до најисторискиот чекор, до најважниот чекор во историјата, рече Робертсон обраќајќи им се на граѓаните на трибината, подвлекувајќи дека на референдумот граѓаните ќе гласаат за својата иднина.

– Би било погрешно да ви кажуваме како да гласате, меѓутоа гласањето е најголем импратив во моментот. Има една изрека која вели „Ако не гласаш, сам кажуваш дека немаш право на мислење, порача лорд Робертсон додавајќи дека тој длабоко ја сака Македонија и е инволвиран долго време помагајќи и во исполнување на  евроатлантските аспирации.

Тој истакна дека кога беше на функцијата генерален секретар, земјата се нарекуваше ФИРОМ и порача дека е време тоа да престане и земјата да оди напред кон европската иднина и НАТО,  сега кога вратите и се отворени.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, заблагодарувајќи се на присуството на лорд Робертсон, се осврна на проблемот кој Битола го има со иселувањето и додаде дека референдумот е шанса младите и нивните родители и роднини да ја донесат одлуката за отворање на посветла иднина и подобар живот во Македонија.

„Затоа, да кажеме да. Вие не гледате како дел од европското семејство како дел од светскот семејство, ви благодарме за тоа и ја прифаќаме подадената рака“, порача градоначалничката Петровска.


Премиерот Заев од Пробиштип: Убеден сум, нашиот државотворен народ и овој пат ќе донесе мудра одлука ЗА иднината

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, синоќа присуствуваше и се обрати на трибина во Пробиштип, како дел од кампањата за референдумот на коалицијата Заедно ЗА европска Македонија.

Во своето обраќање пред граѓаните на Пробиштип, премиерот Заев зборуваше за значењето на референдумот, придобивките од членството во НАТО и ЕУ, акцентирајќи ја одговорноста на сите во овие историски моменти за државата, граѓаните и иднината.

 

 

Одлука мора да ја донесеме сите заедно, затоа што се работи за нашата заедничка татковина, за нашата заедничка иднина, рече Заев.

„Уживаме во честа што ѝ се падна на оваа генерација, конечно Македонија да ја ставиме на шини и да киниса веќе еднаш. Затоа ова е историско време. Овде сме обединети сите. Пред се независни интелектуалци, зад ова движење стојат стопански комори, спортисти, синдикати, стојат  деловните единици во Македонија, поради тоа што отвораат големи пазари. Граѓанските здруженија исто така се вклучија, политички субјекти, освен неколку, затоа што ова е прашање за кое вреди да се обединиме“, рече премиерот Заев во Пробиштип.

„Нашата одлука на 30 септември секако ќе влијае на нашата иднина. Затоа можеме да избереме да бидеме горди, среќни и достоинствени и да ставиме тула во изградбата на иднината на Македонија“, рече во своето обраќање премиерот Заев.

Заев ја нагласи големата поддршка што Македонија ја има од своите пријатели во светот, манифестирана и преку бројните посети на странски државници и високи дипломатски претставници од Европската Унија, кои како што рече тој се доказ за подадената рака и отворените врати за членство во ЕУ и НАТО.

„Сите доаѓаат да ја поддржат Македонија. Никогаш поголема поддршка немала Македонија. Канцеларката Меркел на пример, на денот на независноста, дојде овде да ни го честита денот на независноста и да ни даде поддршка“, истакна тој во своето обраќање.

Премиерот Заев ги повика граѓаните да излезат на прес Премиерот Заев од Пробиштип: Убеден сум, нашиот државотворен народ и овој пат ќе донесе мудра одлука ЗА иднината претстојниот референдум, уверен во исправноста на одлуката што ќе ја донесат.

„Ние сме државотворен народ. Нашиот народ секојпат носел правилни одлуки. И овој пат ќе донесе мудра одлука. Нема друга алтернатива. Не постои друга шанса, не постои друга опција не постои план Б за Македонија. На 30 септември гордо да излеземе, да гласаме на референдумот, и да одлучиме за иднината на своите деца и својата Република Македонија“ рече премиерот Заев.

 


Шекеринска во Радовиш: Македонија во клучните моменти никогаш не греши, на 30 септември ќе излеземе ЗА европска иднина!

Шекеринска во Радовиш: Македонија во клучните моменти никогаш не греши, на 30 септември ќе излеземе ЗА европска иднина!

Одлуката на 30 септември ќе ја донесат оние кои ќе излезат да гласаат. Пишуваме историја, а Македонија во клучните моменти никогаш не греши – рече министерката Шекеринска на трибината во Радовиш.

– Не е патриотизам да се удираш во гради, туку да донесеш дома резултат, да донесеш покана за членство во НАТО, патриотизам е да обезбедиш датум за почеток на преговори, патриотизам е да решиш да организираш референдум и да бараш од граѓаните да ти помогнат во одлуката. Патриотизам не е да лажеш за договорот, патриотизам не е да лажеш дека нашиот јазик ќе се изгубел. Патриотизам е да отидеш во Стразбур и пред целиот Европски парламент да говориш на својот македонски мајчин јазик и да добиеш аплаузи на отворена сцена – рече Шекеринска.

 

 

Министерката рече дека како што во 2005 Македонија успеа да го обезбеди кандидатскиот статус, денеска обврската и долгот е час поскоро да ја внесеме Македонија во НАТО, што ќе го забрза патот кон Европската Унија. Тоа ќе значи спокоен живот, сигурност и економски просперитет.

– Македонија дневно користи 260 000 евра европски пари. Хрватска како членка на ЕУ врз основа на европските фондови троши 3,3 милиони евра дневно. Не сме толку богати да кажеме дека тие пари не ни требаат- рече Шекеринска.

Таа зборуваше за социјалната правда и солидарноста, рече дека ЕУ значи сигурност за најсиромашните. Владата не чекаше да дојде ЕУ да обезбеди можности за младите преку младинската гаранција, да планира зголемување на поддршката на сиромашните семејства, но заедно со европските земји на ова поле може да се постигне многу повеќе – рече министерката.

– Со гласот ЗА на референдумот го отвораме патот за ЕУ и НАТО. Ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик, како Македонци горди на својот идентитет и обичаи, како Европјани кои знаат да ја ценат својата историја и да гледаат напред кон сигурна иднина за своите деца- рече министерката.

На трибината зборуваше и градоначалникот Герасим Конзулов кој ги повика Радовишани да излезат масовно на референдумот, како и заменик генералниот директор на Бучим, Николајчо Николов, кој рече дека ќе гласа ЗА бидејќи со членството во ЕУ, позитивни ефекти ќе имаат и малите и големите бизниси во Македонија.

 


Премиерот Заев од Кратово: Излезете на 30 септември, зграпчете ја иднината, гушнете си ги децата и знајте дека сте донеле државотвотворна одлука!

– Овој пат во прашање е што ние може да направиме за државата. Знам дека Кратово, како и цела Македонија ќе донесе вистинска историска одлука За европска Македонија. Ова е неповторлива шанса, порача премиерот Зоран Заев на трибината во Кратово.

– Преку вас да допреме до сите, ова е моја, ваша и нивна Македонија, нема веќе причини, изговори, план Б, Ц. На Македонија ѝ треба економски раст, мора да направи квантен скок, за да се крене стандардот. Македонија мора да носи одлуки. Поради калкуланството изминатите години земјата остана во калта, додека светот стана глобално село, ние во кавги со соседите, никако да донесеме одлука. Оваа одлука што ја донесов не е затоа што Владата и Парламентот застанаа зад мене, туку затоа што знам кој стои зад мене, дека зад мене стои мојот народ, кој сака живот овде во Македонија, додаде премиерот Заев.

Тој ги објасни придобивките од договорот од Преспа, осигурана држава, македонски идентитет и македонски јазик.

– Од Кратово, утре одам во Вашингтон, на состанок со потпретседателот на САД, Пенс. Ваквото пријателство мора да го почитуваме, не смееме да го изневериме, заради нас и нашата држава. Мора на 30 септември сите да излеземе.

– Фатете го најмилото во едната рака, во другата рака да ја зграпчите иднината на Македонија. Вратете се дома, гушнете си ги децата и знајте дека сте донеле државотворна историска одлука и за вашата земја и за вашите деца, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината во Кратово.

 


Царовска во Тетово: Воведуваме минимален гарантиран приход, ЕУ значи солидарност и социјални права

Реформата на системот на социјална заштита, унапредување на социјалните услуги за граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, спречување на маргинализацијата од секој вид, унапредување на правата и заштита на работниците, беа темите на кои денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, разговараше од врата до врата со жителите на Општина Тетово.

„Воведуваме минимален гарантиран приход. Овој приход ќе биде шанса најранливите да се извлечат над линијата за сиромаштија, но и нивните деца да се вклучат во образовниот процес. Со приближувањето до ЕУ поддршката за социјална заштита постојано расте. Европската социјална повелба ги гарантира социјалните и економските човекови права. ЕУ вложува во унапредувањето на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани“, изјави министерката Царовска во Тетово.

Од почетокот на следната година, четиричлено домаќинство во социјален ризик со едно работно неспособно лице ќе има можност да добива месечен надоместок од 11.700-тини денари.

За повеќе од 70% од корисниците на социјалната помош зголемувањето е повеќе од 300% или три пати повеќе од тоа што досега го добивале

Посетата на Тетово министерката ја искористи да се сретне со вработените во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, како и со пензионерите од градот.