Category Archives: Uncategorized

Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Гевгелија, Струмица, Карпош, Крива Паланка, Битола, Велес, Сопиште, Чаир, Вевчани, Чашка, Брвеница и Конче

Денеска (23.09.2018, недела) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани на плоштадот во Гевгелија, со почеток од 17:30 часот.

Потоа, премиерот ќе се обрати на голем граѓански собир во Струмица, со почеток од 20:00 часот.

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Претходно, од 11:30 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде со граѓаните на Злокуќани, Бардовци и Порта Влае, во општина Карпош.

Од 12.30 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и ќе биде со граѓаните во населените места низ општина Крива Паланка. Во 18.00 часот, министерот ќе се обрати пред мал собир на граѓани во село Конопница, а во 19.00 ќе се обрати во населбата Маневци.

Од 12.00 часот, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе биде со граѓаните на Битола, а во 20.00 часот ќе учествува на трибина со граѓаните на Велес, пред театарот Јордан-Џинот.

Од 13:45 часот, министерот за здравство Венко Филипче ќе биде со граѓаните во населените места низ општина Сопиште.

Со почеток во 18.15 часот, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе биде со граѓаните на општина Чаир, долж улицата Џон Кенеди.

Дополнително, од 14.00 часот, Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски ќе биде со жителите на Вевчани.

Потпретседателите на СДСМ Петре Шилегов и Фросина Ременски, ќе бидат во Брвеница и Конче. Потпретседателот Мухамед Зеќири ќе биде во Чашка а генералниот секретар на партијата и пратеник, Александар Кирацовски со граѓаните на Могила.

На 30 септември да се потврдиме како генерација со историска одговорност и како горди Македонци да влеземе низ портите на НАТО и ЕУ

Заменик претседателот во Владата на РМ и министер за одбрана Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска на трибина во Прилеп, во организација на коалицијата „Излези за европска Македонија“ разговараа со граѓаните на општината за најважните аргументи зошто секој граѓанин на нашата земја има одговорност на 30 септември да го даде својот глас на референдумот за себе си, за своите деца и за иднината на Република Македонија.

„Граѓаните 30 септември ќе го направат величествен ден за паметење. На тој ден, обединети на европскиот пат, гласот на граѓаните ќе биде глас за европска Македонија, членка на најмоќните сојузи ЕУ и НАТО. Гласот на секој граѓанин ќе биде глас за европски вредности и можности, глас за рамноправно место до граѓаните на ЕУ и НАТО, во заедници што гарантираат безбедност, сигурност и економски просперитет“, истакна Спасовски, и додаде дека одлуката на референдумот е одлука и за крај на штетните политики за граѓаните и за државата, и одлука за споделување на заедничките визии со сите останати граѓани на ЕУ.

Спасовски потенцираше дека правото на граѓаните слободно да го дадат својот глас на престојаниот референдум е загарантираното.

Министерот Никола Димитров истакна дека за прв пат во нашата историја ние, Македонците, сами одлучивме за нашата иднина на масата за преговори. Никој не одлучи во наше име, и затоа е многу важно таа одговорност да ја покажеме и на 3о септември.

„Каква генерација ќе биде оваа нашата ако не ја продолжиме традицијата на нашите претходници од 1903, од 1941, од 1991, ако не ја преземеме историската одговорност, и ако не ја одредиме иднината на нашата земја во НАТО и ЕУ? Каква генерација ќе бидеме ние ако не има ја обезбедиме иднината на нашите деца, и ако низ отворената порти на НАТО и ЕУ, не влеземе горди и исправени како Македонки, Македонци, со јасен македонски идентитет и признаен македонски јазик?“, праша министерот Димитров и додаде дека гласот на секој граѓанин е глас за иднината на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз – НАТО; и во најмоќната економска заедница, ЕУ.

На трибината во Прилеп учествуваше и професорот на Факултетот за безбедност Никола д-р Дујовски кој нагласи дека со стартот на преговорите со ЕУ, кога ќе започне затворањето на поглавјата, во дури 35 од нив ќе бидат изедначени стандардите во Република Македонија со оние во ЕУ и тоа ќе значи еднакви услови за младите и за граѓаните на нашата земја со условите за граѓаните на ЕУ кога станува збор за пристап до образование, здравство, вработување и други погодности.

„Хрватска само 5 години после приемот во НАТО стана членка на ЕУ. Тоа беше постигнато за толку кус период зашто сите земји членки на НАТО и на ЕУ, како солидарни партнери, го помогнаа зајакнувањето на капацитетите на Хрватска и го помогнаа нејзиното пристапување“, посочи професор Дујовски.

Илија Јосифоски, градоначалникот на Општина Прилеп ги повика своите сограѓани на 30 септември да бидат горди граѓани на градот кои ќе ја преземат одговорноста за иднината на државата и за иднината на Прилеп.

„Прилепчани, како и досега, нема да го пропуштат овој историски момент, и сво својот глас ќе учествуваат во исчекорот на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО“, истакна градоначалникот на Прилеп Јосифоски на трибината на коалицијата „Излези за европска Македонија“ што се одржа во Прилеп.

За повеќе фотографии: https://www.flickr.com/gp/izlezi_za/G9DY58

Спасовски од Берово: Како 30-та членка на НАТО обезбедуваме сигурна иднина и заштитен територијален интегритет

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, вчера се сретна со граѓани на Берово,  а учествуваше и на граѓанска трибина на која се разговараше за придобивките од членството во најмоќните сојузи.

Силна поддршка од страна на граѓаните за започнатите процеси за влез во ЕУ и НАТО, додека од страна на министерот Спасовски беше потенцирана важноста од влезот во НАТО за трајно заштитување на границите и обезбедување на безбедноста на државата и нејзините граѓани.

„Со влезот во НАТО обезбедуваме трајна заштита на границите и територијалниот интегритет. Македонија станува 30-та земја членка на најголмата безбендосна коалиција и рамноправно ќе одлучува со најмоќните држави во светот. За тоа овој референдум, може да се спореди и со реферндумот од 8 септември, кога претходните генерации ја обезбедија независноста, државноста и суверентитетот на Македонија“  порача Спасовски

Зборувајќи за придобивките од членството во НАТО и ЕУ, Спасовски потенцираше дека членството во НАТО не значи само безбедност, туку и раст на економијата, бидејќи сите потенцијални инвеститори бараат безбеден и сигурен пазар за инвестирање. Истовремено, влезот во ЕУ,  порача Спасовски е влез на пазар од 500 милиони потрошувачи што значи поголем пласман на македонски производи и зголемена конкурентност на македонската економија.

„Македонија нема друга алтернатива, затоа цврсто и до крај решено го оди овој пат. Членството во ЕУ и НАТО значи дека ги донесеме европските вредности овде. Нашата иднина и иднината на нашите деца е во наши раце и ние треба да донесеме правилна и мудра одлука и на 30-ти септември да гласаме ЗА европска Македонија“ порача Спасовски.