
ДОГОВОР ЗА МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА!
Македонско-грчкиот договор е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ.
Стануваме член на семејствата на НАТО и ЕУ нациите кои уживаат силен економски развој.
Со Договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото историско и културно наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна.
МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Е ЗАШТИТЕН!
Договорот го гарантира правото да се определуваме како МАКЕДОНЦИ. Нема повеќе оспорувања.
Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.


МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ЗАШТИТЕН!
Според членот 1 од Договорот, официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“, кој е преведлив на сите јазици (на пример, на англиски јазик „Macedonian language“). Без никаква фуснота со дообјаснување!
Македонскиот јазик е потврден – идентитетот е зачуван.
НЕМА ВЕЌЕ ФИРОМ!
Со исполнување на Договорот ќе престане да важи референцата FYROM (ПЈРМ) и нашата земја ќе биде заведена во Обединетите Нации (ОН) под името Република Северна Македонија, преведено на сите јазици.


ХИМНАТА, ГРБОТ И ЗНАМЕТО НЕ СЕ МЕНУВААТ!
Државните симболи не беа дел од преговарачкиот процес.
„МК” – „МКД” ОСТАНУВААТ МЕЃУНАРОДНО ПРИФАТЕНИ И ПРЕПОЗНАТЛИВИ КОДОВИ!
Кодовите на земјата остануваат МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ISO).


ДОБИВМЕ ПОКАНА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО. НИЕ ЌЕ БИДЕМЕ 30-ТА ЧЛЕНКА НА СОЈУЗОТ!
Поканата беше заглавена од 2008 година. Со Договорот ја отстранивме последната пречка за нашето членство во НАТО.
Ни се гарантираат сигурноста, безбедноста и економскиот развој.
ЌЕ ЗАПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, ПОДГОТОВКИТЕ СЕ ВО ТЕК!
Имаме кандидатски статус од 2005 и од 2009 добиваме препораки од Европската комисија. За прв пат добиваме датум за почеток на преговорите за членство, како резултат на Договорот со Грција.


ДОГОВОРОТ ОБЕЗБЕДУВА МАКЕДОНСКО-ГРЧКО ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА!
Договорот ја зголемува културната соработка помеѓу Македонија и Грција во делот на уметностите, танцот, киното, музиката, театрите и спортот. Го олеснува патувањето преку модернизирање и изградба на нови гранички премини. Ја зголемува соработката помеѓу двете држави во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, како и тероризмот и економскиот криминал.