Што е НАТО?

Организацијата на Северноатлантскиот договор (North Atlantic Treaty Organization – NATO) е една од главните меѓународни институции во светот. Тоа е политички и воен сојуз кој обединува 29 земји-членки од Европа и Северна Америка.
Овие земји се во сојуз заради соработка во полето на безбедноста и одбраната. Во овој поглед, НАТО обезбедува силно поврзување помеѓу Европа и Северна Америка за политичка и безбедносна соработка.

Историски
развој на НАТО

Стратешка определба на
Република Македонија е да стане
30-та земја-членка.

ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ

Безбедноста во сите полиња на секојдневниот живот е клуч за нашата благосостојба.

СОЗДАВАЊЕ ПАРТНЕРСТВА

Дијалогот и соработката се пресудни за мир и за подлабоко меѓународно разбирање. НАТО претставува единствена можност за земјите-членки за консултации, градење на меѓусебна доверба и спречување на конфликти во светот.

ГРАДЕЊЕ МИР И СТАБИЛНОСТ

Многу страни можат да уживаат истовремено во благодетите кои произлегуваат од стабилноста. НАТО игра активна улога во операциите за управување со кризи, во соработка со други меѓународни организации.

БОРБА ПРОТИВ НОВИТЕ ЗАКАНИ

Како што се менува природата на заканите, така мора да се менуваат и методите на зачувување на мирот. НАТО врши преориентација на своите одбранбени капацитети кон заканите на денешното време.