Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Богданци, Радовиш, Прилеп, Карбинци, Долнени и Јегуновце

Во сабота (22 септември) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани во Домот на култура во Богданци, со почеток од 17:30 часот.

Потоа, премиерот ќе разговара со граѓаните на плоштадот во Радовиш, со почеток од 20:00 часот.

(пренос во живо од овој настан во Радовиш ќе може да проследите на Фејсбук страницата и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Претходно, во 12:00 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе одржат трибина со граѓаните на Прилеп, пред саат кулата.

(пренос во живо од овој настан во Прилеп ќе може да проследите на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Во 12:00 часот, министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе биде со граѓаните на Карбинци.

Со почеток од 11:00 часот, министерот за траснпорт и врски Горан Сугарески ќе остварува средби со граѓаните низ населените места во општина Долнени.

Исто така, од 13.00 часот, министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми ќе биде со граѓаните низ населените места во општина Јегуновце.

Потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, почнувајќи од 13:30 часот е со граѓаните на Тарце.

Го покануваме вашиот медиум да ги проследи настаните.