Драги сограѓани,

овој 30-ти септември имаме единствена можност да ја одбереме нашата иднина. Изборот е јасен – одиме напред. Чекориме кон ЕУ и НАТО. Одбираме светла иднина за сите Македонци.

Во недела, на 16.09.2018, излегуваме сите заедно – маршираме за европска Македонија!
Обединети ЗА европска иднина. Со една заедничка цел – ЗА подобро утре!

Тргнуваме во 13:30 часот пред зградата на Црвениот крст и маршираме до зградата на Европската Унија. Во 14:00 часот пред зградата на ЕУ започнува официјалната програма на граѓанскиот собир.

Време е да го одбереме нашиот пат. #ИзлезиЗА

Датум: 16. септември (недела)
Време: 13:30 часот
Локација: зграда на Црвен крст
Град: Скопје

Маршута на движење. Марш за европска Македонија

Поддржете ја кампањата на социјалните мрежи!