Граѓански трибини во Битола и Ресен на Коалицијата ЗА европска Македонија, 02.09.2018

Денеска (02.09.2018) во Театарот во Битола со почеток во 18:30 часот ќе се одржи граѓанска трибина на којашто ќе учествува Стево Пендаровски, национален координатор за НАТО.

Претходно, во 13:00 часот пред Домот на културата во Битола, националниот координатор Пендаровски ќе даде изјава за медиуми.

Во Ресен, во 18:00 часот во Големата сала на Општина Ресен ќе се одржи граѓанска трибина на која ќе се обрати министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Премиерот Заев од Дојран: Граѓаните ќе му покажат на светот дека се за европска Македонија, да се сплотат и политичарите во заедничката цел

Јас сум убеден дека нашите граѓани ќе му покажат на целиот демократски свет, преку овој референдум, храброст дека водат грижа за следните генерации, рече Премиерот Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во Дојран.

Тој испрати и порака за сплотеност.

Ако некој има алтернатива Б, Ц, за членството во ЕУ и НАТО, нека ја каже, но нема. Имаа 11 години да постигнат добро решение. Јас знам дека сите сме за ЕУ и НАТО. Ако сме сите, ред е сите да се обединиме, за иднината на нашите деца, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

 

 

Тој посочи дека е постигнат добар договор, дека се осигурани македонскиот јазик и идентитет, дека како никогаш досега Македонија ја има поддршката на големите држави во светот, дека знамето на Македонија ќе се вее рамноправно пред седиштата на ЕУ и НАТО, а државава на иста маса рамноправно ќе одлучува со големите сили. Тоа, ќе донесе безбедносни гаранции за државата и економски бенефит за секој граѓанин во Македонија, поради новите инвестиции и достапните фондови на ЕУ.

1991 година ја обезбедивме иднината на државата, убеден сум дека на 30-ти септември 2018 година таа независност ќе ја осигураме, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината во Дојран.

Премиерот Заев од Валандово: Нема дилеми, на референдумот граѓаните ќе изберат европска Македонија за иднината на своите деца

Да нема дилеми, на 30-ти септември народот ќе излезе во огромно мнозинство За европска Македонија, оцени премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на денешната трибина во Валандово, на Коалицијата за европска Македонија.

И во 1991 година имавме дилеми дали може да се организира државата, но масовно излеговме на референдумот за независна Македонија. Со овој референдум, ќе ја обезбедиме иднината на државата. Стандардот е на ниско ниво. Ако сакаме голем скок напред, мора да ги донесеме одлуките. 27 години политичарите не случајно зборуваат за ЕУ и НАТО. Ние денес, градејќи пријатели со соседите изградивме пријателства со меѓународната заедница. Раката е подадена. Тоа е можност да одиме напред со демократски развиениот свет, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

 

Тој им порача на граѓаните да се чувствуваат гордо затоа што договорот со јужниот сосед го потврдува вековниот стремеж на нашите предци за потврден и признаен македонски идентитет и јазик, што ја обезбедува иднината на децата.

Во убаво време, за неколку години, ќе можеме да ги погледнеме децата и ќе им кажеме, за вас донесовме одлука за европска Македонија, рече премиерот Заев.

Тој ги објасни придобивките за младите и граѓаните, со членството на Македонија во ЕУ и НАТО, дека нашата земја ќе влезе во огромниот европски пазар, а тоа ќе значи нови работни места, повисоки плати, пласман за еколошките и здрави земјоделски производи како тие во валандовско. Дополни и дека ќе бидат загарантирани интегритетот на државата, безбедноста и стабилноста.

Да го зграпчиме моментот, на 30-ти септември да си ја внесеме Македонија во ЕУ и НАТО и да обезбедиме стабилна иднина и економски развој, повика премиерот Зоран Заев на трибината во Валандово.

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов рече дека Валандово ги поддржува политиките на градење перспективи и тој ги повика на Референдумот граѓаните да излезат и да го осигураат посакуваниот просперитет.

 

 

Николовски: Субвенциите со влегувањето во ЕУ македонските земјоделци ќе ги добиваат директно, од ЕУ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на скопско Стајковци, во општина Гази Баба, еден од најпознатите скопски региони за производство на раноградинарски култури.

 

 

Министерот Николовски во Стајковци и Црешево, имаше средби со земјоделци на кои се разговараше за актуелните состојби во земјоделството и ги слушна нивните предлози, со цел создавање ефикасни мерки за модерно земјоделство. Градинарството е важна извозна гранка, која има голем придонес во вкупниот извоз на земјоделски производи.  Токму затоа, во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, субвенциите за земјоделците со развоен потенцијал, односно оние кои имаат од  0,7 до  5,0 хектари, се зголемени за 20 отсто и овие корисници ќе добијат субвенција од 36.000 денари по хектар. За македонските земјоделци и за жителите од руралните подрачја, за жителите на Стајковци,  најважен е влезот на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Субвенциите со влегувањето во ЕУ македонските земјоделци ќе ги добиваат директно од ЕУ. 400 милијарди евра се предвидени во буџетот на ЕУ за 2014-2020 година за развојот на земјоделството”, изјави Николовски.

Само оваа година преку ИПАРД II Програмата Европската Комисија и додели на Република Македонија средства во висина од над 12 милиони евра наменети за  инвестиции во земјоделските стопанства, преработувачките капацитети, руралните средини, за развој на нови и постоечки бизниси и рурална јавна инфраструктура.

„За 2019 година преку ЕУ договоривме 15 милиони евра поддршка на македонското земјоделство. Со овие пари со 3,5 милиони евра од нив ќе се градат нови системи за наводнување со 4,5 милиони евра во следната година ЕУ ќе гради фабрика за третирање на отпадот од угинатите животни во Македонија како политика за приближување кон ЕУ“, посочи Николовски.

Членството во НАТО и влезот во ЕУ ќе значи повеќе европски средства за субвенции, за механизација, за повисок приход, подобар производ и за пласман со подобри цени, модерно и одржливо земјоделство, повеќе вработувања во руралните средини и поттикнување на економскиот раст.

Зеќири: Да ја искористиме шансата, да заокружиме ЗА, за повеќе инвестиции, за европска Македонија

За еден месец имаме историска можност да ја обезбедиме европската иднина на нашата заедничка татковина, како рамноправен дел од ЕУ и НАТО.

Со влезот во НАТО остваруваме стратешки интерес – Македонија да биде дел од демократскиот развиен свет, рамноправен член на најмоќните светски сојузи.

Членството во НАТО гарантира безбедност и стабилност на граѓаните и трајна заштита на границите.Пристапниот процес за членство во ЕУ значи економски развој, и зацврстување на правната држава.

Нашето членство во НАТО и ЕУ обезбедува повеќе пари, размена на искуства, полесен пристап до нови знаења и технологии. Со членството значи и зголемена стабилност и доверба во македонската економија. Тоа значи повеќе инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите.

Во изминативе 6 месеци, имавме рекордно остварени инвестиции. Странските директни инвестиции достигнаа 327 милиони евра за шест месеци. Вицепремиерот Анѓушев вели дека тоа е за 218 проценти повеќе од просекот во последните три години. Инаку лани за целата година вкупни странски инвестиции изнесуваа 227 милиони евра.

Овој позитивен развој се должи на економските политики на Владата, како и на издадената покана за члество во НАТО, и најавата за почеток на пристапните преговори за ЕУ.

Затоа, како одговорни граѓани кои се посветени на доброто за нашата држава, потребно е да се обединиме околу најважното прашање. Да ја искористиме оваа историска шанса. На 30 септември да заокружиме ЗА влез во НАТО и ЕУ, да заокружиме ЗА европска Македонија.

Покана за настани: Граѓански трибини во Дојран, Валандово и Тетово

Сабота, (01.09.2018) во центарот на Дојран, со почеток во 12:30 часот, ќе се одржи граѓанска трибина на којашто ќе учествува и Премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Во 14:30 часот, Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев ќе учествува на граѓанска трибина во паркот Пеонија во Валандово.

 

 

Во 16:00 часот, во Тетово во Ајдучко маало ќе се одржи трибина со граѓаните на која се обрати министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Спасовски со граѓаните на Ѓорче Петров: Да избереме интеграција, да не дозволиме изолација!

Како дел од коалицијата Заедно за европска Македонија, министерот за внатрешни работи и потпретседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Оливер Спасовски беше во посета на општина Ѓорче Петров каде што се сретна со граѓаните на оваа општина.

На средбите со борците и ветераните од НОБ и здружението на пензионери во населеното место Даме Груев беа презентирани придобивките од членството во ЕУ и НАТО сојузот потенцирајќи стабилноста и безбедноста на границите.

Од своја страна, граѓаните искажаа подршка за референдумското прашање за кое потенцираа дека е од особено значење за државата и нејзиното интегрирање во ЕУ и НАТО.

Во Домот на култура во Ѓорче Петров беше одржана граѓанска трибина, каде што се дебатираше за историската шанса пред која стои Македонија како и за тоа што претставува влезот на Македонија во НАТО И ЕУ за граѓаните и за државата.

Спасовски нагласи дека Македонија веќе е ставена на картата на светот, со сочуван идентитет и рамноправна со сите држави.

,,Членството во НАТО значи стабилност и безбедност. Значи гаранција на нашите државни граници еднаш засекогаш. Никој никогаш да не помисли, а не пак да посегне по некакви радикални идеи за размена на територии или какви било други обиди за дестабилизација. Со членството во НАТО, ќе добиеме безбедна и стабилна држава за сите нас. Да избереме интеграција. Да не дозволиме изолација. Изолација на државата би значело неизвесност и за иднината на Република Македонија и за секој од нас поединечно – додаде потпретседателот Спасовски.

Гостин на трибината во Ѓорче Петров беше и поранешниот министер за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс, кој пред присутните граѓани ги посочи придобивките од членството на НАТО И ЕУ. Безбедност, стабилност, правда и владеење на правото, борба против корупцијата, инвестиции, нови работни места се само дел од придобивките на членството во овие два сојуза. Воедно, Кундерс ја охрабри Македонија да продолжи по патот кој е поставен пред неа.

Спасовски упати повик до сите граѓани на Република Македонија да се искористи шансата што е укажана, да излезат и да го поддржат референдумот.

,,Да покажеме дека денес се бориме за силна Македонија и дека го остваруваме патот на нашите претходни генерации, со цел посветла иднина на нашите деца. Да излеземе ЗА европска Македонија” порача Спасовски.

Премиерот Заев од Штип: На референдумот ја заокружуваме нашата одлука за европска Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на првиот митинг на Коалицијата за европска Македонија што се одржа во Штип, повика граѓаните сплотено да ја преточат одлуката за евро-атлантски интеграции на Македонија, со гласање За на Референдумот на 30-ти септември. Еве дел од неговиот говор:

Штип е за европска Македонија и за добра иднина.

Со одлуката, на референдумот, ја заокружуваме нашата одговорност, лична, граѓанска, политичка, пријателска, за иднината на европска Македонија.

Ние градиме мостови почитувани пријатели. Градиме пријателство со земјите од соседството, пријателство со ЕУ и НАТО, затоа што само со пријатели ќе нѐ биде.

Долги години немаше кој да преземе одговорност. Поради тоа се замагли видикот на одамна поставените стратешки интереси на земјата, членството во ЕУ и НАТО, а со тоа и иднината, сигурноста и безбедноста на нашата земја и граѓаните.

Ние рековме, време е.

Време е да ја решиме единствената пречка, нашата земја да биде впишана во заедницата на рамноправни народи на ЕУ и да застане рамо до рамо, еднаква, со земјите членки на најсилната безбедносна светска коалиција, НАТО.

Наша одговорност беше да го решиме отвореното прашање, кое ја загрозуваше иднината на Македонија. Ја презедовме одговорноста. Го решивме спорот.

Наша одговорност и света должност беше да го сочуваме идентитетот македонски. Не само што го зачувавме, туку и го потврдивме и го зајакнавме.

И да бидете горди!

Зачуван е целосно македонскиот идентитет, тој е потврден и признаен од целиот свет!

Еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишуваат во ризницата на светски народи и јазици. И никој повеќе нема дилеми, никој не го оспорува тоа.

Република Македонија го направи изборот, избра иднина, наместо изолација.

Ве повикувам да ги охрабрите и другите, овде нѐ личи заедно, сплотени, за втората независност на нашата Македонија!

Да живее европска Македонија!


Премиерот Заев од Кочани: Граѓаните на Македонија секогаш носеле државнички одлуки, ќе покажеме дека сме за европска Македонија

Со овации одговорија потврдно присутните граѓани на прашањето на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, „Дали сме за ЕУ и НАТО“, на попладневната трибина денеска во Кочани, на коалицијата „Излези за европска Македонија“, што помина во позитивна атмосфера.

Заслужуваме да бидеме граѓани на модерна, современа, демократска Македонија. Ни минува животот. Должни сме да им обезбедиме на децата добра иднина, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој објасни дека компромисното решение што е постигнато со јужниот сосед вреди затоа што „македонскиот јазик и идентитет се признаени“, никој повеќе не ги спори во светот.

По 27 години добивме покана да бидеме 30-та членка на НАТО, тоа значи стабилност, безбедност и сигурност, мир обезбедивме за децата. Во процесот на евроинтеграции, 260.000 евра ЕУ донира секој ден, 1.280.000 евра е вкупниот буџет за Македонија од грантовите, што треба да го јакнат нашиот стандард, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој посочи и дека тоа ќе значи повисоки плати, пензии, нови работни места и дека Македонија нема алтернативата освен ЕУ и НАТО.
Ги повика граѓаните со кренато чело да гласаат За на претстојниот референдум, бидејќи граѓаните на Македонија секогаш и носеле државнички одлуки.

Оваа шанса мора да ја зграпчиме. Имаме храбар народ, ќе покажеме дека сме за европска Македонија, оцени претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината со граѓаните во Кочани.

Градоначалникот на Кочани ги повика неговите сограѓани, масовно да излезат на 30-ти септември и да гласаат За, за европско Кочани преку интеграции на Македонија во ЕУ и НАТО.

 

Граѓански собир во Кочани: „Излези ЗА европска Македонија“.

Покана за настани – Трибина во Кочани и граѓански собир во Штип

Ве информираме дека утре (31.08.2018) на Градскиот плоштад во Штип со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи граѓански собир на коалицијата Заедно ЗА европска Македонија на којашто ќе се обрати Премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Претходно, со почеток во 18.00 часот во Градскиот парк во Кочани, ќе се одржи отворена трибина на којашто ќе учествува Премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски утре ќе ја посети општина Ѓорче Петров, кадешто од 19.30 часот ќе учествува на граѓанска трибина во Домот на културата – Ѓорче Петров.