Граѓански трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Штип, Демир Хисар, Старо Нагоричане, Илинден, Пласница и Зелениково

Во петок (21 септември) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Во 21:00 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар, ќе учествува на отворањето на Штипската пастармајлијада.

Од 12:00 часот, министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде со граѓани и стопанственици низ општина Демир Хисар, а во 19:00 часот ќе се обрати на мал граѓански собир во село Суводол.

Од 17:00 часот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе остварува средби со граѓаните на општина Илинден.

Министерот за земјоделство, Љупчо Никоколовски ќе ги посети земјоделците од село Грушино во 11:45 часот.

Од 17:00 часот, заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески ќе биде со граѓаните во општина Пласница.

Пратеникот Александар Кирацоски од 10:00 часот, ќе биде во општина Зелениково каде ќе остврави средби со жителите на општината. Во 12:15 часот, Кирацовски ќе даде изјава за медиуми во центарот на Зелениково.

Шекеринска во Кисела Вода: Пријателите од светот ни отворија врата, на 30 септември да ја искористиме шансата што ја заслуживме!

На 30 септември немаме оправдување да одмолчиме, затоа што шансата е тешко спечалена и затоа што од нас зависи како ќе живеат нашите деца и внуци – порача вечерва министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Кисела Вода.

Државата е моќна колку што има пријатели, рече Шекеринска, и Македонија беше деновиве домаќин на многу моќни пријатели. Премиерот е на средба со потпретседателот на САД, во Македонија дојдоа секретарот за одбрана на САД Матис, канцеларката Меркел, министерката за одбрана на Германија, и многу други пријатели, да ни кажат дека вратите се отворени. Но нивно е да кажат а наше е да ја искористиме  шансата што ја заслуживме – тоа е наша работа- рече министерката.

Шекеринска зборуваше за европските средства за градовите и општините кои се членството во ЕУ се зголемуваат повеќекратно, за солидарноста и помошта меѓу земјите членки на ЕУ и НАТО кога една од нив е во неволја, за можностите за економски развој и разликата во економската моќ, вработувањата, стандардот,  која е видлива во секоја земја членка во споредба со периодот пред зачленувањето.

– Прво правило во фудбалот е да ги решаваш проблемите. Второ – храброста, да му пркосиш на противникот. Третото- немој да ја промашиш шансата! Овие три правила важат сега за Македонија. Покажавме храброст, ги решивме проблемите и сега шансата е пред нас, не смееме да ја пропуштиме – рече Шекеринска.

Таa ги повика граѓаните да бидат вистински патриоти и бранители на својот идентитет, јазик и култура бидејќи договорот го гарантира тоа.

– 27 години се бориме, 10 години седевме изолирани и видовме колкава цена плаќа државата сама и изолирана, скарана со сите. Ако ја пропуштиме оваа шанса може ќе има нови Договори но во нив нема да стои македонски јазик, македонска култура и македонски идентитет – рече Шекеринска.

Секој глас е важен. Ако некој мисли дека неговиот глас не прави разлика се лаже. Немаме право на грешка. Сите заедно да излеземе на референдумот ЗА европска Македонија – порача министерката.


Граѓански трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Кисела Вода, Куманово, Гази Баба, Бутел, Битола и Дојран

Во четврток (20 септември) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Во 20:00 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на трибина со граѓани во општина Кисела Вода, во паркот Шопен.  (пренос во живо од овој настан може да следите на Facebook профилот и YouTube каналотizlezi.mk)

Од 12:30 часот, министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде со граѓаните на Куманово, а во 18:00 часот ќе се обрати на мал собир со граѓаните во населбата Карпош.

Од 12:00 часот министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе биде со граѓаните во општина Битола, а министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе оствари средби со граѓани и компании во општина Бутел.

ОД 17:30 часот министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски e со граѓаните во населбите низ општина Гази Баба.

Од 13:10 часот, заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески ќе биде со граѓаните во општина Дојран.

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, денеска е со граѓаните на Центар Жупа.

Царовска во Ѓорче Петров: Со влезот во ЕУ и НАТО, општините ќе добијат пристап до повеќе пари со кои ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните

Унапредувањето на социјалните услуги за граѓаните, борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, воведувањето на минималниот гарантиран приход, беа теми на кои министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска разговараше со жителите на Ѓорче Петров.

„Заедно со општините работиме на зголемување на згрижувачките капацитети и подобри услови во детските градинки. Со влезот во ЕУ локалните самоуправи ќе добијат пристап до повеќе средства наменети за подобар квалитет на живот на граѓаните. Со овие пари ќе се подобри локалната инфраструктура и социјалните услуги кои ги нудиме„ изјави министерката Царовска во Ѓорче Петров.

Со приближувањето до ЕУ, истакна Царовска, поддршката за социјална заштита постојано расте. Европската социјална повелба ги гарантира социјалните и економските човекови права, а ЕУ вложува во унапредувањето на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани.“

Министерката Царовска за придобивките од ЕУ и НАТО говореше и на трибина, а се сретна и градоначалникот на Ѓорче Петров.

 

 

Николовски: Со влезот во НАТО и Европската Унија, нашето македонско вино добива европска етика, сигурен пласман и повисоки цени

Со влезот во НАТО и Европската унија, нашето вино добива европска етика, субвенциите кои сега ги исплаќаме за лозарите и коишто се повисоки ќе доаѓаат директно од буџетот на ЕУ, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на вчерашната трибина во селото Марена, општина Кавадарци.

На трибината, Николовски потенцираше, дека лозарството е стратешка извозна гранка и затоа секоја мерка што ја носи Владата е во насока на развој на овој сектор.

„Донесовме нова мерка, 1 денар субвенција за килограм предадено грозје. Комплетно ги исплативме субвенциите, одржување на лозови насади, се исплатија 745 милиони денари,  годинава ги зголемивме овие субвенции за 20 отсто. Ниту една винарија веќе нема долг кон лозарите. Во 2017 година се постигна највисока откупна цена за грозјето од 13,67 денари за килограм, што е највисоката цена во последните шест години. Ги поддржавме винарите, со тоа што ја дуплиравме поддршката за настап на меѓународни саеми“, изјави министерот Николовски.

При тоа, Николовски потенцираше дека со влезот во НАТО и ЕУ, ќе се зголеми финансиската поддршка од европските фондови, откупните цени и ќе се обезбеди сигурен пласман за македонските земјоделски производи, вклучително и за македонското вино.

„Само на тој начин може да ги решиме проблемите, само така може да направиме квантен скок и да не зборуваме за раст од 3 отсто и да не зборуваме за 1 или 2 денари субвенции, да зборуваме за повисоки откупни цени, за сигурен пласман, отворање на пазар од 500 милиони потрошувачи, за инвестиции во земјоделството. Многу повеќе можеме заеднички да направиме со меѓународни партнери со НАТО и  ЕУ, заеднички со сите овие структурни фондови и 100-тици милиони евра кои на Македонија ќе и стојат на располагање. Затоа 30- ти септември е историска шанса за сите нас, за сите идни генерации, мора да ја искористиме за Македонија да оди напред со крупни чекори кон НАТО и ЕУ“, изјави Николовски.

Николовски од трибината порача дека не само земјоделството, со членството во НАТО и ЕУ, ќе се зголемат европските фондови и за  општините во земјава, со кои ќе  инвестираат во рурален развој и подобри услови за граѓаните, земјоделците. Кавадарци  досега има искористено околу 4 милиони евра средства од Европските фондови. Со приближување до ЕУ и НАТО поддршката ќе расте.

 


Пендаровски и Робертсон на граѓанска трибина во Битола: Гласањето на рефереднумот е императив, време е за Македонија, да биде дел од ЕУ и НАТО

Националниот координатор за НАТО и поранешниот генерален секретар на Северноатлантската алијанса, Џорџ Робертсон, кој е лидер на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ, вечерва учествуваа на трибина со граѓаните на Битола.

На трибината, говорниците се осврнаа на придобивките од членството во НАТО и ЕУ, пpитоа ставајќи посебен акцент на информирањето за бенефитите кои ќе ги има Македонија како дел од европската заедница и НАТО.

Националниот координатор Пендаровски зборуваше за историската шанса за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, што е остварување на децениските државни и национални интереси и го акцентираше обезбедувањето на македонскиот идентитет.

 

 

– Живееме во време на лажни вести, во време на една стара политичка пропаганда која не убедува дека на 30 септември, нема да гласаме за тоа што сите мислиме дека треба да гласаме, дека прашањето не е такво какво што е поставено, туку дека наводно се крие некаква друга злокобна агенда за македонскиот народ и за граѓаните и за државата во целина. Еве сме да ја кажеме вистината која ја кажувавме неколку пати досега. Договорот го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик, посебноста и ја обезбедува иднинта, рече Пендаровски објаснувајќи дека Договорот со Грција е реален и го гарантира македонскиот идентитет и јазик.

Лажни се вестите, дека Македонија ќе влезе во војна и ќе се распадне, подвлекувајќи дека напротив со влегувањето во сојуз со НАТО, земјата ќе обезбеди стабилност, просперитет и услови за европска иднина за младите, додаде тој.

Пендаровски посебно им се обрати на младите, кои како иднина на државата, знаат кој е просперитетот од влегувањето во ЕУ и НАТО, но мора да излезат и да гласаат.

Пендровски додаде дека референдумот на 30 септември е со идентична важност и еднаква историска тежина како референдумот за независност од 8 септември 1991 година и затоа треба масовно да се излезе и да се гласа ЗА интеграција во ЕУ и НАТО и за навек да се утврди македонската државност во целиот свет.

Сер Робертсон, кој беше десеттиот Генерален секретар на НАТО во периодот од 1999 до 2004 година истакна дека излегувањето на гласање на престојниот референдум е исклучително важно затоа што  станува збор за прашање за иднината на земјата.

Моите внуци би рекле дека вие сте на десет преспивања до најисторискиот чекор, до најважниот чекор во историјата, рече Робертсон обраќајќи им се на граѓаните на трибината, подвлекувајќи дека на референдумот граѓаните ќе гласаат за својата иднина.

– Би било погрешно да ви кажуваме како да гласате, меѓутоа гласањето е најголем импратив во моментот. Има една изрека која вели „Ако не гласаш, сам кажуваш дека немаш право на мислење, порача лорд Робертсон додавајќи дека тој длабоко ја сака Македонија и е инволвиран долго време помагајќи и во исполнување на  евроатлантските аспирации.

Тој истакна дека кога беше на функцијата генерален секретар, земјата се нарекуваше ФИРОМ и порача дека е време тоа да престане и земјата да оди напред кон европската иднина и НАТО,  сега кога вратите и се отворени.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, заблагодарувајќи се на присуството на лорд Робертсон, се осврна на проблемот кој Битола го има со иселувањето и додаде дека референдумот е шанса младите и нивните родители и роднини да ја донесат одлуката за отворање на посветла иднина и подобар живот во Македонија.

„Затоа, да кажеме да. Вие не гледате како дел од европското семејство како дел од светскот семејство, ви благодарме за тоа и ја прифаќаме подадената рака“, порача градоначалничката Петровска.


Шекеринска во Аеродром: Ве повикувам да се сплотиме, не постои поголема лојалност од лојалноста кон својата замја и поголема одговорност од одговорноста кон своите деца

– Македонските граѓани секогаш биле обединети околу тоа каде сакаат да ја видат својата земја, а тоа е во ЕУ и НАТО. На една страна е понудата да гласаме ЗА на 30 септември и да ја внесеме државата во ЕУ и НАТО, а на другата страна нема алтернатива. Обезбедивме договор кој го гарантира македонскиот јазик, кој не дефинира како тоа што сме – Македонци, кој ни дава шанса да се чувствуваме гордо заради иднината на нашите деца. Ги повикувам сите – не постои поголема лојалност од лојалноста кон државата, не постои поголема одговорност од одговорноста кон нашите деца. На 30 септември да гласаме како едно, обединети, за европска Македонија – порача министерката Шекеринска на вечерашната трибина во Аеродром.

Таа рече дека светот и ги отвори вратите на Македонија бидејќи Македонија покажа дека знае каде да оди. Меркел, Столтенберг, Матис, Буш, ја дадоа својата поддршка бидејќи Македонија ја заслужи шансата да стане дел од најмоќните сојузи на светот, а сигурна Македонија значи сигурен Балкан. Но тие не ја носат одлуката за Македонија, туку тоа треба да го сторат граѓаните. Не смееме да дозволиме оваа шанса да ни се лизне низ прстите. Македонија не смее да се кае, туку да носи одлуки кои ќе не направат силни, цврсти и моќни – рече Шекеринска.

Министерката рече дека со истата увереност, знаење и труд кои во 2005 година на Македонија и го донесоа статусот кандидат за членство во ЕУ, ќе сработиме и ќе станеме 30-та земја членка на НАТО, рамо до рамо со најмоќните и најперспективните држави во светот. НАТО значи безбедност, а економските резултати секогаш одат заедно со членството во НАТО. ЕУ значи одлучување на иста маса, солидарност и можности. Ако денеска Македонија дневно влегуваат 260 000 евра европски пари, Хрватска добива 3 милиони евра европски пари секој ден. Најпатриотски чин е да ја искористиме оваа шанса и да создадеме можности за нашите општини, бизниси и нашите млади – рече министерката.

Таа одговори на сите прашања на трибината и повика да се прифаќа дебата со сите, бидејќи аргументите се на страната на определените за европска Македонија.



Адеми: Членството во ЕУ обезбедува повеќе европски пари за локален развој на општините

Министерoт во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми заедно со пратеникот во Европскиот Парламент,  Кнут Флекенштајн денеска ги посети општините Арачиново и Шуто Оризари.

При посетата, Адеми и Флекентшајн се сретнаа со претставници на локалните самоуправи, разговараа со граѓани и извршија обиколка на објекти кои што се градат со поддршка од фондовите од ЕУ.

Министерот Адеми посочи дека поддршката од ЕУ е особено значајна за руралните и мали општини, но и дека средствата што ЕУ ги двои за Македонија, ќе се зголемуваат со нашето приближување до полноправното членство.

– Поддршката од ЕУ за Македонија изнесува 90 милиони евра годишно, односно секој ден се издвојуваат по  260 илјади евра за поддршка во инфраструктурата, образованието и локалната самоуправа. Со започнување на преговорите, а потоа и со влезот во ЕУ поддршката дополнително ќе се зголемува тоа ќе значи и повеќе пари за инфраструктура, нови патишта, водоводи, канализации, училишта и  градинки. Тоа се повеќе европски пари за локален развој на сите општини, а со тоа и подобар и поквалитетен живот на сите граѓани, порача Адеми.

При посетата на Арачиново и Шуто Оризари, пратеникот во Европскиот Парламент, Флекентшајн порача дека Македонија има силна поддршка за влез во ЕУ и дека граѓаните треба да излезат на референдумот за да ја искористат историската шанса што е пред нив.


Премиерот Заев од Пробиштип: Убеден сум, нашиот државотворен народ и овој пат ќе донесе мудра одлука ЗА иднината

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, синоќа присуствуваше и се обрати на трибина во Пробиштип, како дел од кампањата за референдумот на коалицијата Заедно ЗА европска Македонија.

Во своето обраќање пред граѓаните на Пробиштип, премиерот Заев зборуваше за значењето на референдумот, придобивките од членството во НАТО и ЕУ, акцентирајќи ја одговорноста на сите во овие историски моменти за државата, граѓаните и иднината.

 

 

Одлука мора да ја донесеме сите заедно, затоа што се работи за нашата заедничка татковина, за нашата заедничка иднина, рече Заев.

„Уживаме во честа што ѝ се падна на оваа генерација, конечно Македонија да ја ставиме на шини и да киниса веќе еднаш. Затоа ова е историско време. Овде сме обединети сите. Пред се независни интелектуалци, зад ова движење стојат стопански комори, спортисти, синдикати, стојат  деловните единици во Македонија, поради тоа што отвораат големи пазари. Граѓанските здруженија исто така се вклучија, политички субјекти, освен неколку, затоа што ова е прашање за кое вреди да се обединиме“, рече премиерот Заев во Пробиштип.

„Нашата одлука на 30 септември секако ќе влијае на нашата иднина. Затоа можеме да избереме да бидеме горди, среќни и достоинствени и да ставиме тула во изградбата на иднината на Македонија“, рече во своето обраќање премиерот Заев.

Заев ја нагласи големата поддршка што Македонија ја има од своите пријатели во светот, манифестирана и преку бројните посети на странски државници и високи дипломатски претставници од Европската Унија, кои како што рече тој се доказ за подадената рака и отворените врати за членство во ЕУ и НАТО.

„Сите доаѓаат да ја поддржат Македонија. Никогаш поголема поддршка немала Македонија. Канцеларката Меркел на пример, на денот на независноста, дојде овде да ни го честита денот на независноста и да ни даде поддршка“, истакна тој во своето обраќање.

Премиерот Заев ги повика граѓаните да излезат на прес Премиерот Заев од Пробиштип: Убеден сум, нашиот државотворен народ и овој пат ќе донесе мудра одлука ЗА иднината претстојниот референдум, уверен во исправноста на одлуката што ќе ја донесат.

„Ние сме државотворен народ. Нашиот народ секојпат носел правилни одлуки. И овој пат ќе донесе мудра одлука. Нема друга алтернатива. Не постои друга шанса, не постои друга опција не постои план Б за Македонија. На 30 септември гордо да излеземе, да гласаме на референдумот, и да одлучиме за иднината на своите деца и својата Република Македонија“ рече премиерот Заев.

 


Граѓански трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Аеродром, Ѓорче Петров, Кавадарци, Арачиново, Чучер Сандево и Битола

Во среда (19 септември) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Во 18:00 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на трибина со граѓани во општина Аеродром, во паркот Јане Сандански.

Од 18:15 часот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе биде со граѓаните на општина Ѓорче Петров, а во 19:00 часот ќе одржи мини трибина во урбаната заедница Даме Груев.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе биде со граѓаните во населени места низ општина Кавадарци од 13:30 часот. Николовски ќе ги посети и откупните пунктови, ќе даде изјава за медиумите, а во 17:30 часот ќе се обрати на трибина со граѓаните на село Марена.

Од 17:00 часот министерот за здравство Венко Филипче ќе има средби со граѓаните во општина Арачиново.

Од 16:00 часот заменикот министер за образование Петар Атанасов ќе биде со граѓаните во општина Чучер Сандево, односно селата Кучевиште и Побожје.

Дополнително, Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, заедно со Џорч Робертсон, поранешен генерален секретар на Алијансата во 18:00 часот ќе учествуваат на трибина со граѓани пред музејот во Битола.