ЕВРОПСКИ ФОНДОВИ
ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА

Ние избираме да одиме напред, кон подобра иднина, преку членство во Европската Унија, бидејќи не сакаме да останеме заглавени во неизвесност, ризик и изолација.

90 милиони евра

од ЕУ добива Македонија годишно

260000 евра

од ЕУ добива Македонија дневно

Само за 2019 година, ЕУ обезбеди 20 милиони евра за образование, вработување и социјална вклученост во Македонија

Со интеграцијата на Македонија во ЕУ,
повеќе пари ќе се вложуваат во:

Инфраструктура

15.5 милиони евра годишно преку ЕУ програмата за транспорт (патишта, мостови, железници, тунели и др. инфраструктура)

Заштита на границите

8.5 милиони евра европски пари за заштита на границите на Македонија во 2018 година

Правосудство

18 милиони евра во 2020 година за реформи во правосудството и во полицијата во Македонија

Пазарот на ЕУ е 500 милиони потрошувачи.
 
Нашите фирми ќе учествуваат во 250 пати поголем пазар


Членството во ЕУ ги зголемува домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе отворат нови работни места, ќе се зголеми домашното производство и ќе се подобри животниот стандард

ДРЖАВА
ПО ЕВРОПСКИ ПРАВИЛА

Со отворањето на преговорите за ЕУ, домашните институции, граѓаните и целото општество влегуваат во интензивни административно – политички реформи низ кои поминале сите земји – членки на Унијата. Зачленувањето во ЕУ е позитивна промена која ќе резултира со изградба на европско општество и држава по европски правила.

МОБИЛНОСТ, ЗНАЕЊЕ
И ВЕШТИНИ ЗА МЛАДИТЕ

Членството значи неограничени можности за патување, квалитетно образование и пракса, и признаени дипломи насекаде низ Европа. Преку европските програми за образование и мобилност младите од Македонија стекнуваат знаења и вештини кои им гарантираат добро платени работни места, тука, во нашата земја.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОФИЦИЈАЛЕН ВО ЕУ

Македонскиот јазик ќе биде официјален во унија од 500 милиони жители. Сите официјални комуникации меѓу Република Македонија и земјите членки на Европската Унија ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признаен.

Зачувување на јазикот

Македонскиот јазик, по влезот во Европската Унија, ќе стане официјален јазик на Унијата. Како 25-тиот работен јазик на кој ќе се зборува во Брисел, тој ќе биде „рамо до рамо“ со јазиците што се говорат во нашето соседство – бугарскиот, хрватскиот и грчкиот. Тоа го гарантираат Повелбата на ЕУ и Договорот за ЕУ.

Конечното признание на посебноста на македонскиот јазик и на неговото кирилско писмо во Унијата, која беспрекорно ја почитува јазичната разноликост, е последниот и најцврст бедем со кој ќе биде заштитен македонскиот идентитет. Освен тоа, тој ќе стане составен дел и од европскиот идентитет, во заедницата од 500 милиони луѓе, основана под мотото „Обединети во разновидноста”.

Почитувањето на јазичната разновидност е темелна вредност на ЕУ. Повелбата за основните права на ЕУ забранува дискриминација врз основа на јазикот и ја обврзува Унијата да ја почитува јазичната разновидност.

Освен тоа, од 2001 година наваму 26 септември се слави како Европски ден на јазиците за да се подигне свеста за широкиот спектар јазици што се говорат во Европа. Европскиот парламент има повеќејазична јазична политика и јазиците на земјите членки се еднакво важни. Сите прописи и закони се објавуваат на сите официјални јазици на ЕУ.

Сите европратеници можат да го користат официјалниот јазик на својата држава. Тоа значи дека секоја одлука, од денот кога Македонија ќе стане членка на Унијата, ќе биде преведена на македонски јазик, а секој избран претставник од земјата во Европскиот парламент ќе може да зборува на македонскиот јазик.

Во ЕУ за подобар живот за сите!

Ќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура, за подобар живот на сите граѓани, за подобро утре на нашите деца.

☑️ ЗА нови патишта, водоводи, канализации, училишта, градинки;
☑️ ЗА почисти почва, вода, воздух;
☑️ ЗА реформирано образование;
☑️ ЗА поголема мобилност за младите и повеќе можности;
☑️ ЗА подобар квалитет на живот, ЗА СИТЕ!

#МКвоЕУ #ПридобивкиОдЕУ

Posted by Zoran Zaev on Wednesday, August 15, 2018

ЕУ значи силна економија и повисок стандард на живот!

Европската Унија има пазар од 500 милиони потрошувачи!

ЕУ за Македонија значи достапност од 250 пати поголем пазар, за домашните бизниси. Влезот во Унијата за Македонија значи 5 пати повисок животен стандард. Членството во ЕУ значи сигурна економија за Македонија и повеќе странски инвестиции.

☑️ ЗА нови работни места;
☑️ ЗА повисок БДП;
☑️ ЗА повисок стандард;
☑️ ЗА подобар квалитет на живот, ЗА СИТЕ!

#МКвоЕУ #ФактиЗаДоговорот

Posted by Zoran Zaev on Monday, August 20, 2018

Мобилност, знаење и вештини за младите

Интеграцијата на Македонија во ЕУ значи нови можности за младите.

Отворањето на границите кон Унијата гарантира за нашите млади добро платени работни места и подобро образование, тука, дома, во Македонија.

#МКвоЕУ

Posted by Zoran Zaev on Saturday, August 25, 2018