Учество на Република Македонија во меѓународни операции на НАТО

Од 1999 година, Република Македонија логистички ја подржува мисијата КФОР на Косово, преку Национален координативен центар за поддршка на земјата домаќин. Овој центар овозможува прифат, придружба, административна подршка, обезбедување, снабдување и медицинска заштита на територија на Република Македонија. Во овој национален центарсе ангажираат 13 лица од АРМ.

Од 2002 до 2014, Македонија зема учество во мировната мисијата – ИСАФ – во Авганистан. Во рамките на мисијата Македонија има учествувано со повеќе од 2700 лица меѓу кои: штабни офицери и подофицери, ментори, пешадиски единици и медицински персонал. Мисијата ISAF заврши во 2014 година.

Од 2003 до 2008, во рамките на коалицијата предводена од САД, Македонија учествуваше во операцијата „Слобода за Ирак“ во Ирак. Во оваа мисија беа ангажирани вкупно 490 припадници на АРМ.

Од јуни 2006 година, Република Македонија зема учество во мисијата на ЕУФОР – „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, што преставува прв придонес во рамките на воена операција, предводена од ЕУ. Во мисијата АЛТЕА досега имаме учествувано со околу 290 лица во период од 12 години.

Од мај 2007 година, Македонија го дава својот придонес во меѓународната операција „УНИФИЛ“ предводена од ООН во Либан. Во оваа мисија учествуваме со еден штабен офицер во оперативната команда на УНИФИЛ.

Од јануари 2015 година, Македонија зема активино учество во мировната мисија предводена од НАТО „Одлучна подршка“ во Авганистан. Досега Македонија има учествувано со околу 250 лица воен персонал. Во моментов 44 припадници на АРМ се дел од мисијата.“

Придонес на АРМ во меѓународни операции во 2018 година:

  • Во операцијата предводена од НАТО “Одлучна подршка“ – RSM (Resolute Support Mission) во Авганистан придонесуваме со вкупно 44 лица.

  • Во операцијата на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина учествуваме со 3 лица, односно со две штабни позиции и 1 доктор во медицински тим.

  • Во мисијата на ОН „УНИФИЛ“ во Либан континуирано придонесуваме со еден штабен офицер.

  • Со учеството во овие мисии се зголемува подготвеноста на АРМ, а со полноправното членство во НАТО ќе се гарантираат просперитетот, економскиот развој и безбедниот живот на сите граѓани на Македонија.

ја обезбедуваме сигурноста на граѓаните и ги заштитуваме државните граници!