Category Archives: Најава

Шекеринска од Берово: Да излеземе во недела масовно и да гласаме ЗА европска Македонија

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вечерва беше со граѓаните на Берово. Во разговор со граѓаните беа разменети мислења за придобивките за Македонија и сите граѓани од членството во ЕУ и НАТО преку и перспективите кои се создаваат .

Шекеринска од Берово порача дека не можеме да чекаме уште 27 години и дека е време да изградиме држава по европски правила. „Одлуката нема да ја донесат оние што ќе останат дома в недела на 30 септември, туку тие што ќе излезат да гласаат и затоа да излеземе масовно и да гласаме „за“, рече министерката Шекеринска.

„Во сите земји од регионот кои станаа членки на НАТО – Хрватска, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Романија – се намали невработеноста и се зголемија платите. Овие држави сега не може да се препознаат бидејќи се сменија на подобро”, додаде таа.

Шекеринска посочи дека досега за Берово од фондовите на ЕУ биле издвоени 5 милиони евра и дека во мала општина ваква директна помош може да биде од голема корист.

Шекеринска пред граѓаните на Берово ја пренесе посветеноста на Владата на социјалната заштита и ги информираше за зголемената социјална помош речиси за три пати, како и за бришењето на 16 извршителски трошоци од тарифата за наплата на долгови.

„Во недела не седете дома, бидејќи оваа недела е ден за историска одлука, ден за гласање за нашата иднина“, им порача министерката Шекеринска на беровчани.

Шекеринска во Берово имаше средба и со младите на која се разговараше за перспективите на младата генерација и неопходноста од членство на Македонија во НАТО и ЕУ како услов за шанси за работни места и поубав живот.

 


Николовски во ресенско: Заеднички да ги отвориме вратите до нови европски и структурни фондови за македонското земјоделство

Придобивките од членството во ЕУ и НАТО, а особено искористеноста на европските фондови се од исклучителна важност за модернизирање на овоштарството и на преработувачките капацитети во овој сектор, порача на денешните трибини со земјоделци во Ресен и во селото Царев Двор, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

При тоа тој потенцираше дека помошта за земјоделците ќе расте со отпочнувањето на преговори со Европската Унија. Европските фондови ќе го зајакнат земјоделието, ќе донесат нови вработувања преку нови бизниси просперитет и развој на руралните средини онаму каде сакаме да се задржат земјоделците.

„40 отсто од буџетот на ЕУ оди за земјоделството единствен сектор директно финансиран од ЕУ. Меѓу 270 и 300 милиони евра Македонија ќе добие како субвенции од ЕУ, со нашето членство, дополнително средствата од националниот буџет. Многу програми ни се отвораат за рурален развој со влезот во ЕУ и НАТО. Со ИПАРД 2 програмата од ЕУ добивме 60 милиони евра, а само за првиот јавен повик се склучени рекордни 919 договори од кои над 140 договори се само во Ресен. Претходно за 12 години вредноста на искористеност од ИПАРД 1 била околу 16 милиони евра, сега само со еден повик од ИПАРД вкупната вредност е 15,8 милиони евра“, изјави Николовски.

Тој потенцираше дека Владата континуирано презема мерки за развој на овоштарството како клучен сектор во земјоделството. Со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година ги зголемивме за 10 отсто субвенциите за одржување на овошни насади. Годинава за 20 отсто ги зголемивме овие субвенции за земјоделците со развоен потенцијал. Преку Програмата за рурален развој ќе ги поддржиме и преработувачките капацитети, да има поголем простор за откуп на производите и извоз од државата. Со членството во НАТО и ЕУ ни се отвораат вратите на пазар од 500 милиони потрошувачи, повеќе финансиски средства преку европските фондови, а тоа се нови пари во земјоделството, што е основа на нашата економија.

На трибините во ресенско, Николовски на земјоделците им ги презентираше сегашните и идните мерки што ќе ги преземе МЗШВ за развој на земјоделството, вклучително и на овоштарството. Николовски порача дека 30–ти септември е важен датум за сите граѓани на државата, за земјоделците. Недела е ден кога треба да донесеме историска одлука која трајно ќе влијае врз иднината на сите нас, порача Николовски.

 

(Најава) Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Тетово, Куманово, Берово, Ѓорче Петров, Дебар, Ресен, Царев Двор и Шуто Оризари 27.09.2018

Ве информираме дека денес (27.09.2018, четврток) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓаните на Тетово со почеток во 20:00 часот (плоштад).

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Од 11.15 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и ќе биде со граѓаните на Куманово, а во 19.00 часот ќе одржи трибина во Домот на култура Трајко Прокопиев.

Во 18.30 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе се обрати на мал граѓански собир во Берово.

Во 20.00 часот, министерот за надворешни работи Никола Димитров, заедно со потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, ќе учествува на трибина со граѓаните од општина Ѓорче Петров.

Од 16.30 часот, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе се дружи со граѓаните на Дебар.

Со почеток од 10.30 часот, министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе ја посети општина Ресен. Во 13.00 часот ќе оддржи трибина во салата на општината на тема Предизвици и придобивки од ЕУ ориентираното земјоделство. Во 16.30 часот ќе има обраќање на мини трибина со жителите на Царев Двор.

Пратеникот Александар Кирацовски ќе биде со граѓаните на Охрид а пратениците Павле Богоевски и Мира Стојчевска со граѓаните на Делчево.

Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Крушево, Прилеп, Штип, Валандово, Гази Баба, Кратово, Пробиштип, Сарај, Бутел, Чаир, Могила, Новаци

Ве информираме дека денес (26.09.2018, среда) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓаните на Крушево, пред Македониум, со почеток од 17:15 часот.

Потоа, премиерот ќе се обрати на голем граѓански собир во Прилеп, со почеток од 20:00 часот.

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Од 14.00 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и ќе биде со граѓаните на Штип, а во 19.00 часот ќе одржи трибина во спомен куќата Киро Глигоров.

Од 13.00 часот, министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде со граѓаните на Валандово.

Од 14:00 часот, министерот за здравство Венко Филипче ќе  ја посети поликлиниката во населба Ченто, а потоа ќе биде со граѓаните низ Автокоманда, општина Гази Баба.

Со почеток од 12.00 часот, министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе ја посети општина Кратово, а потоа ќе има работна средба во Хидросистем Злетовица и средби со земјоделци и граѓани низ населените места во општина Пробиштип.

Дополнително, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ќе биде во Сарај, Бутел и Чаир,  а генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовси со ќе биде со граѓаните на Могила и Новаци.

Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Виница, Валандово, Миравци, Струмица, Ранковце, Пехчево, Богданци, Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Шуто Оризари, Гази Баба, Вевчани и Ресен

Ве информираме дека денес (25.09.2018, вторник) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани во Виница, со почеток од 20:00 часот.

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Претходно, од 13.20 часот, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе се дружи со граѓаните на Валандово. Во 17.30 часот, МНР ќе учествува на трибина со жителите на село Миравци, а во 20 часот ќе одржи трибина во Вила парк во Струмица.

Почнувајќи од 13.00 часот, министерот за финансии Драган Тевдовски ќе остварува среди со стопанственици и жители на општина Кисела Вода.

Од 11.00 часот, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе ги посети населените места низ општина Ранковце.

Од 15.00 часот, министерот за здравство Венко Филипче ќе ги посети здравствените домови Богданци и Стојаково, а потоа ќе се дружи со граѓаните во центарот на Богданци.

Дополнително, заменикот министер за животна средина Јани Макрадули ќе има обраќање пред жителите на село Небрегово во 13.30 часот, а потоа ќе оствари средби со граѓаните на Пехчево.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ќе биде во Аеродром, Гази Баба и Карпош. Пратеникот и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацоски од 11:00 часот ќе биде со граѓаните во Вевчани и а во 14:00 часот со граѓаните на Ресен.  Во 12:00 часот, во Вевчани, Кирацовски ќе даде изјава за медиумите.

Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зеќири денеска, од 15:00 часот е со жителите на Шуто Оризари. во 16:00 часот Зеќири ќе даде изјава за медиумите (пред зградата на општина Шуто Оризари).

Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Демир Капија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Карпош, Босилово, Македонска Каменица, Аеродром, Кисела Вода и Центар

Денеска (24.09.2018, понеделник) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани во Демир Капија, со почеток од 18:00 часот.

Потоа, премиерот ќе одржи трибина со граѓаните на градскиот плоштад во Неготино, со почеток од 20:00 часот.

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Претходно, од 14:30 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде со граѓаните на Свети Николе, а во 19.00 часот ќе се обрати на трибина со жителите во општинската сала.

Од 14.45 часот, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе се дружи со граѓаните на Делчево, а во 19.00 часот ќе учествува на трибина со граѓаните во кино салата.

Со почеток во 17.30  часот, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе се дружи со жителите на Карпош.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, од 13.40 часот, ќе остварува средби со стопанственици и жители во општина Босилово, а заменикот министер за животна средина Јани Макрадули ќе има трибина со жителите на село Саса во Македонска Каменица, во 17.30 часот.

Дополнително, од 17.30 часот, Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски ќе биде со граѓаните на општина Аеродром, а потпретседателот на СДСМ Петре Шилегов ќе биде во Кисела Вода и Центар.

Димитров во Битола: Одговорноста за иднината е на сите нас

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера и денеска беше во посета на општина Битола.

Тој ја искористи посетата за средби со младите во Битола, како и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

За време на пријатната и неформална средба со младите, министерот Никола Димитров разговараше за предизвиците со кои тие се среќаваат, нивните планови и идеи за нивната лична иднина, како и иднината на Македонија. Министерот истакна дека Битола и регионот има важна историска улога во оформувањето на македонското културно наследство, но и многу важна улога во нашата европска иднина, земајќи ја во предвид традиционално дипломатската димензија на градот. Откако ги ислуша младите, Димитров потврди дека 30 септември е неверојатно важно скалило кон нашата европска и евроатлантска иднина и сите заедно имаме историска одговорност да го искажеме нашиот став преку врвната демократска алатка – референдумот.

Министерот исто така даде интервју за регионалниот медиум, Тера Телевизија. Активностите продолжуваат денеска во Велес.

 


Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Богданци, Радовиш, Прилеп, Карбинци, Долнени и Јегуновце

Во сабота (22 септември) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани во Домот на култура во Богданци, со почеток од 17:30 часот.

Потоа, премиерот ќе разговара со граѓаните на плоштадот во Радовиш, со почеток од 20:00 часот.

(пренос во живо од овој настан во Радовиш ќе може да проследите на Фејсбук страницата и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Претходно, во 12:00 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе одржат трибина со граѓаните на Прилеп, пред саат кулата.

(пренос во живо од овој настан во Прилеп ќе може да проследите на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Во 12:00 часот, министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе биде со граѓаните на Карбинци.

Со почеток од 11:00 часот, министерот за траснпорт и врски Горан Сугарески ќе остварува средби со граѓаните низ населените места во општина Долнени.

Исто така, од 13.00 часот, министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми ќе биде со граѓаните низ населените места во општина Јегуновце.

Потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, почнувајќи од 13:30 часот е со граѓаните на Тарце.

Го покануваме вашиот медиум да ги проследи настаните.

Граѓански трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Штип, Демир Хисар, Старо Нагоричане, Илинден, Пласница и Зелениково

Во петок (21 септември) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Во 21:00 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар, ќе учествува на отворањето на Штипската пастармајлијада.

Од 12:00 часот, министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде со граѓани и стопанственици низ општина Демир Хисар, а во 19:00 часот ќе се обрати на мал граѓански собир во село Суводол.

Од 17:00 часот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе остварува средби со граѓаните на општина Илинден.

Министерот за земјоделство, Љупчо Никоколовски ќе ги посети земјоделците од село Грушино во 11:45 часот.

Од 17:00 часот, заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески ќе биде со граѓаните во општина Пласница.

Пратеникот Александар Кирацоски од 10:00 часот, ќе биде во општина Зелениково каде ќе остврави средби со жителите на општината. Во 12:15 часот, Кирацовски ќе даде изјава за медиуми во центарот на Зелениково.

Граѓански трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Кисела Вода, Куманово, Гази Баба, Бутел, Битола и Дојран

Во четврток (20 септември) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Во 20:00 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на трибина со граѓани во општина Кисела Вода, во паркот Шопен.  (пренос во живо од овој настан може да следите на Facebook профилот и YouTube каналотizlezi.mk)

Од 12:30 часот, министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде со граѓаните на Куманово, а во 18:00 часот ќе се обрати на мал собир со граѓаните во населбата Карпош.

Од 12:00 часот министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе биде со граѓаните во општина Битола, а министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе оствари средби со граѓани и компании во општина Бутел.

ОД 17:30 часот министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски e со граѓаните во населбите низ општина Гази Баба.

Од 13:10 часот, заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески ќе биде со граѓаните во општина Дојран.

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, денеска е со граѓаните на Центар Жупа.