Димитров во Битола: Одговорноста за иднината е на сите нас

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера и денеска беше во посета на општина Битола.

Тој ја искористи посетата за средби со младите во Битола, како и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

За време на пријатната и неформална средба со младите, министерот Никола Димитров разговараше за предизвиците со кои тие се среќаваат, нивните планови и идеи за нивната лична иднина, како и иднината на Македонија. Министерот истакна дека Битола и регионот има важна историска улога во оформувањето на македонското културно наследство, но и многу важна улога во нашата европска иднина, земајќи ја во предвид традиционално дипломатската димензија на градот. Откако ги ислуша младите, Димитров потврди дека 30 септември е неверојатно важно скалило кон нашата европска и евроатлантска иднина и сите заедно имаме историска одговорност да го искажеме нашиот став преку врвната демократска алатка – референдумот.

Министерот исто така даде интервју за регионалниот медиум, Тера Телевизија. Активностите продолжуваат денеска во Велес.

 


Спасовски во Крива Паланка: Влезот во ЕУ и НАТО со заштитен идентитет и јазик е остварување на сонот на претходните генерации

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски денеска е во посета на Крива Паланка каде што се сретна со граѓани и пензионери од оваа општина.

На средбата, министерот Спасовски истакна дека на 30 септември граѓаните слободно и без пристисоци, самостојно ќе решаваат за својата иднина.

– Правото на глас е неприкосновено, а тајноста на гласањето е загарантирана. Никој не смее и нема да врши никакви закани, уцени, притисоци околу процесот на гласање. Институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот и секој што ќе го попречува избирачкото право на граѓаните, ќе биде соодветно санкциониран, порача Спасовски.

Пред присутните министерот Спасовски порача дека интеграцијата во ЕУ и НАТО е стратешки интерес на Македонија поставен пред 27 години, во 1991 година и истакна дека референдумот на 30 септември е прв чекор кон остварување на сонот на претходните генерации за влез во најсилните светски сојузи со признаен и зајакнат македонски идентитет.

– Оваа одлука е државотворна, нашата татковина ја исправивме на јасен пат, добивме датум за преговори со ЕУ  и нашата држава ќе биде 30та членка на најмоќната алијанса – НАТО, признаена со свој единствен идентитет и јазик. Ова е момент за  одлука, ова е момент за иднина. Да го оставриме сонот на нашите предци, Македонија да биде дел од најсилните светски сојузи со загарантиран македонски идентитет и македонски јазик. Да покажеме сите заедно дека сме за подобар живот, за европски вредности и еднакви услови за сите. На 30 септември да гласаме ЗА европска Македонија – порача Спасовски.


Шекеринска во Карпош: Нашиот јазик и културно наследство се потврдени, во сојузот со 500 милиони ќе бидеме многу посилни!

Владата се обврза дека ќе одработи покана за членство во НАТО, датум за почеток на преговори со ЕУ и дека граѓаните ќе можат да се изјаснат на референдум за својата иднина – сето тоа го обезбедивме.

Но, не се сите заинтересирани за доброто на Македонија. Ги повикувам сите да излезат и да гласаат за иднината- рече министерката Шекеринска на граѓанските собири во Карпош – во Злокуќани, Бардовци и во Влае.

Таа рече дека Договорот го потврдува македонскиот јазик и идентитет а доказ за тоа е аплаузот кој Премиерот го доби во Европскиот парламент бидејќи покажа дека може на својот македонски јазик да зборува европски.

– Три децении плаќавме висока цена за едно нерешено прашање. Не сакавме да го префрлиме на нашите деца да го решаваат. Ако ја пропуштиме оваа шанса, во договорот кој ќе се постигне за 20 години нема има Македонци и македонски јазик.Државнички и патриотски е да го зачуваме овој Договор во кој се погриживме македонскиот јазик и идентитет да бидат загарантирани – рече Шекеринска.

Таа зборуваше за придобивките од зачленувањето во ЕУ и НАТО, безбедноста, финансиската поддршка што секоја општина ќе ја почувствува, партнерството во Сојуз со 500 милиони луѓе од развиените  европски земји.

– Македонија има 2 милиони луѓе, но ако сме во сојуз со 500 милиони, појаки сме- рече Шекеринска.

Светот секојдневно ни дава поддршка но одлуката на референдумот за својата земја ќе ја донесат оние кои ќе излезат да гласаат.

– Затоа ни треба масовност, затоа секој глас е важен. Да не се разбудиме на 1 октомври со чувство дека не сме успеале. Како што го добивме кандидатскиот статус во 2005, јас гарантирам дека по успешниот референдум ќе станеме членка на НАТО, а НАТО членството е клучниот чекор кој го забрзува патот кон членството во ЕУ- рече министерката.

 

Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Гевгелија, Струмица, Карпош, Крива Паланка, Битола, Велес, Сопиште, Чаир, Вевчани, Чашка, Брвеница и Конче

Денеска (23.09.2018, недела) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани на плоштадот во Гевгелија, со почеток од 17:30 часот.

Потоа, премиерот ќе се обрати на голем граѓански собир во Струмица, со почеток од 20:00 часот.

(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Претходно, од 11:30 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде со граѓаните на Злокуќани, Бардовци и Порта Влае, во општина Карпош.

Од 12.30 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и ќе биде со граѓаните во населените места низ општина Крива Паланка. Во 18.00 часот, министерот ќе се обрати пред мал собир на граѓани во село Конопница, а во 19.00 ќе се обрати во населбата Маневци.

Од 12.00 часот, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе биде со граѓаните на Битола, а во 20.00 часот ќе учествува на трибина со граѓаните на Велес, пред театарот Јордан-Џинот.

Од 13:45 часот, министерот за здравство Венко Филипче ќе биде со граѓаните во населените места низ општина Сопиште.

Со почеток во 18.15 часот, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе биде со граѓаните на општина Чаир, долж улицата Џон Кенеди.

Дополнително, од 14.00 часот, Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски ќе биде со жителите на Вевчани.

Потпретседателите на СДСМ Петре Шилегов и Фросина Ременски, ќе бидат во Брвеница и Конче. Потпретседателот Мухамед Зеќири ќе биде во Чашка а генералниот секретар на партијата и пратеник, Александар Кирацовски со граѓаните на Могила.

Премиерот Заев од Радовиш: Обезбедуваме иднина на европска Македонија, никогаш веќе ФИРОМ, македонски граѓани, македонски јазик

-Да пренесам поздрави од потпретседателот на САД, Пенс, пренесени и од претседателот Трамп и поддршка за лидерството што го покажавме, за референдумот, за граѓаните и за Македонија, сега и после референдумот. Еве стигна порака и од Макрон, со чувства за Македонија. Ги остваруваме вековните аспирации на нашите татковци и дедовци. Направивме разграничување со географска одредница, но добивме се за што крв се леело од илинденците и асномците: држава признаена од цел свет, со македонски народ и македонски јазик признаени од целиот свет. Европскиот парламент му дозволи на македонски премиер да се обрати на македонски јазик. Тоа е недвосмислена потврда на македонскиот јазик и идентитет. Никогаш веќе ФИРОМ, веќе сме македонски граѓани со македонски јазик. И добивме влез во ЕУ и НАТО, рече премиер Зоран Заев на граѓанската трибина во Радовиш.

Тој дополни дека со НАТО добиваме стабилност, сигурност и безбедност, мајките и татковците никогаш повеќе да не се плашат за своите деца.

Претседателот на СДСМ и премиер Заев укажа дека уставна промена ќе биде еден амандман од она што го пишува во договорот со Грција, со внесување на географската одредница, со повикување на документите од АСНОМ за македонската државност и со водење грижа за дијаспората како секаде во Европа.
-Доаѓа убава иднина за Македонија. Со ЕУ има и повисоки плати, и прогрес, и ние имаме право ова да го живееме. Ја донесов одлуката од храброста што ја црпам од вас. Знам каков народ имам, кој секогаш носел државотворни одлуки и сега ќе донесе. Верувам до небото во мојот народ. Ако се радувавме на независноста, сега да ја ставиме Македонија на шините и да ја турнеме да киниса. На 30. септември да гласате, да си ги гушнете децата и да знаете дека сте обезбедиле добра иднина на Македонија, рече премиерот Зоран Заев на граѓанската трибина во Радовиш.


Премиерот Заев од Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на нашата државност, јазик и идентитет, нашата генерација носи историска одлука

– Од Вашингтон дојдов во Богданци. Добивме поддршка и од претседателот Трамп, за покажаното лидерство, за градењето пријателство, за односот фокусиран кон иднината. Стигна и порака од францускиот претседател Макрон, ни ја гарантира иднината во НАТО и ЕУ. Дојдоа во Македонија канцеларката Меркел, канцеларот Курц, Могерини.

Ова е исто така признание на нашата државност, јазик и идентитет, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на денешната трибина во Богданци.

Тој додаде дека целиот свет ѝ дава поддршка на Република Македонија, а прашањето со референдумот е дали ќе бидеме дел од светот или сами во светот.

Премиерот Заев рече дека ја разбира мачнотијата од географската одредница, но укажа дека со договорот од Преспа се потврдуваат македонскиот јазик и идентитет.

– Го потврдивме нашиот јазик и идентитет. Имаме држава признаена од цел свет, македонски народ признаен од цел свет, којшто говори јазик признаен од цел свет. Во Европскиот Парламент како македонски премиер зборував на македински јазик. Тоа е потврда на нашиот јазик и идентитет. Со овој договор ги остваруваме вековните аспирации на нашите претци, рече премиерот Заев.

Тој рече дека ги охрабрува сите да гласаат на референдумот.

– Сите деца ќе влезат во НАТО и во ЕУ, но некои луѓе ќе се горди на себе како постапиле, некои ќе жалат, а некои ќе се срамат. Требало да се прават уставни измени. Тие ќе бидат еден амандман и како што е наведено во договорот, ќе се внесе географската одредница, со повикување на документите од АСНОМ за македонската државност, со водење грижа за дијаспората како секаде во Европа и без иредентизам и територијални претензии. Со успешен референдум, ова е работа на Собранието, дополни претседателот на СДСМ и премиер Заев.

– Ова е одлука на нашата генерација. Шансата може да ни се повтори за 50 години. На 30 септември не се седи дома, на 30 септември се гласа, се испишува историја, се гласа За европска Македонија, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината во Богданци.


На 30 септември да се потврдиме како генерација со историска одговорност и како горди Македонци да влеземе низ портите на НАТО и ЕУ

Заменик претседателот во Владата на РМ и министер за одбрана Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска на трибина во Прилеп, во организација на коалицијата „Излези за европска Македонија“ разговараа со граѓаните на општината за најважните аргументи зошто секој граѓанин на нашата земја има одговорност на 30 септември да го даде својот глас на референдумот за себе си, за своите деца и за иднината на Република Македонија.

„Граѓаните 30 септември ќе го направат величествен ден за паметење. На тој ден, обединети на европскиот пат, гласот на граѓаните ќе биде глас за европска Македонија, членка на најмоќните сојузи ЕУ и НАТО. Гласот на секој граѓанин ќе биде глас за европски вредности и можности, глас за рамноправно место до граѓаните на ЕУ и НАТО, во заедници што гарантираат безбедност, сигурност и економски просперитет“, истакна Спасовски, и додаде дека одлуката на референдумот е одлука и за крај на штетните политики за граѓаните и за државата, и одлука за споделување на заедничките визии со сите останати граѓани на ЕУ.

Спасовски потенцираше дека правото на граѓаните слободно да го дадат својот глас на престојаниот референдум е загарантираното.

Министерот Никола Димитров истакна дека за прв пат во нашата историја ние, Македонците, сами одлучивме за нашата иднина на масата за преговори. Никој не одлучи во наше име, и затоа е многу важно таа одговорност да ја покажеме и на 3о септември.

„Каква генерација ќе биде оваа нашата ако не ја продолжиме традицијата на нашите претходници од 1903, од 1941, од 1991, ако не ја преземеме историската одговорност, и ако не ја одредиме иднината на нашата земја во НАТО и ЕУ? Каква генерација ќе бидеме ние ако не има ја обезбедиме иднината на нашите деца, и ако низ отворената порти на НАТО и ЕУ, не влеземе горди и исправени како Македонки, Македонци, со јасен македонски идентитет и признаен македонски јазик?“, праша министерот Димитров и додаде дека гласот на секој граѓанин е глас за иднината на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз – НАТО; и во најмоќната економска заедница, ЕУ.

На трибината во Прилеп учествуваше и професорот на Факултетот за безбедност Никола д-р Дујовски кој нагласи дека со стартот на преговорите со ЕУ, кога ќе започне затворањето на поглавјата, во дури 35 од нив ќе бидат изедначени стандардите во Република Македонија со оние во ЕУ и тоа ќе значи еднакви услови за младите и за граѓаните на нашата земја со условите за граѓаните на ЕУ кога станува збор за пристап до образование, здравство, вработување и други погодности.

„Хрватска само 5 години после приемот во НАТО стана членка на ЕУ. Тоа беше постигнато за толку кус период зашто сите земји членки на НАТО и на ЕУ, како солидарни партнери, го помогнаа зајакнувањето на капацитетите на Хрватска и го помогнаа нејзиното пристапување“, посочи професор Дујовски.

Илија Јосифоски, градоначалникот на Општина Прилеп ги повика своите сограѓани на 30 септември да бидат горди граѓани на градот кои ќе ја преземат одговорноста за иднината на државата и за иднината на Прилеп.

„Прилепчани, како и досега, нема да го пропуштат овој историски момент, и сво својот глас ќе учествуваат во исчекорот на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО“, истакна градоначалникот на Прилеп Јосифоски на трибината на коалицијата „Излези за европска Македонија“ што се одржа во Прилеп.

За повеќе фотографии: https://www.flickr.com/gp/izlezi_za/G9DY58

Граѓански собири, трибини и средби со граѓани на Коалицијата ЗА европска Македонија во Богданци, Радовиш, Прилеп, Карбинци, Долнени и Јегуновце

Во сабота (22 септември) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани во Домот на култура во Богданци, со почеток од 17:30 часот.

Потоа, премиерот ќе разговара со граѓаните на плоштадот во Радовиш, со почеток од 20:00 часот.

(пренос во живо од овој настан во Радовиш ќе може да проследите на Фејсбук страницата и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Претходно, во 12:00 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе одржат трибина со граѓаните на Прилеп, пред саат кулата.

(пренос во живо од овој настан во Прилеп ќе може да проследите на Јутјуб каналот на izlezi.mk)

Во 12:00 часот, министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе биде со граѓаните на Карбинци.

Со почеток од 11:00 часот, министерот за траснпорт и врски Горан Сугарески ќе остварува средби со граѓаните низ населените места во општина Долнени.

Исто така, од 13.00 часот, министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми ќе биде со граѓаните низ населените места во општина Јегуновце.

Потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, почнувајќи од 13:30 часот е со граѓаните на Тарце.

Го покануваме вашиот медиум да ги проследи настаните.

Царовска во Илинден: Младинската гаранција која се применува и во земјите од ЕУ ги активира младите на пазарот на труд

Унапредување на социјалните услуги за граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, социјалната реформа, но и Гаранцијата за млади беа темите на кои министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, разговараше со жителите на Општина Илинден.

„Активирањето и промовирањето на вработувањето на младите на пазарот на трудот го подобрува преминот на младите од училиште на работа. За таа цел ја имаме Гаранцијата за млади за која до крајот на годината се предвидени 8,8 милиони евра, а чија цел е да ги задржи младите во Македонија. Истата оваа мерка со години наназад се применува и во земјите од ЕУ. Европската Унија вложува во унапредување на работничките права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани“, потенцираше министерката Царовска на средбата од врата до врата со жителите од Илинден.

Исто така, министерката детално ја објасни социјалната реформа со која се зголемува гарантираниот минимален приход, но и се воведуваат нови додатоци за намалување на детската сиромаштија.

 


Николовски во Старо Нагоричане: Младите се двигател на земјоделството, со влезот во НАТО и ЕУ, ќе добијат поголема финансиска поддршка за сопствен агробизнис

Младите се нашата иднина, тие кои треба да бидат двигател на македонското земјоделство, затоа сме фокусирани на воведување на мерки кои ќе ги мотивираат младите земјоделците да започнат сопствен агробизнис, а на тој начин ќе влијаме врз зголемување на вработеноста во руралните средини, порача денеска министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовки на средбата со земјоделци од Старо Нагоричане.

Министерот ги информираше земјоделците за критерумите за новиот јавен повик кој се објави вчера за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за младите земјоделци.

„Со новите критериуми за огласот за млади земјоделци ги охрабруваме младите лица кои сакаат да инвестираат во опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинксо потекло, и сакаат да отворат сопствен агробизнис, а посебен акцент ставаме на сите оние млади луѓе кои се невработени повеќе од две години, како и млади членови на земјоделски задруги. За прв пат оваа година, приоритет им даваме и на оние млади луѓе кои имаат интерес да започнат или се занимаваат со сточарство, поради што во новиот повик ќе се поддржи и набавка на добиток од увоз или од признати организации и инвестиции во опрема. А, со нашето членство во НАТО и ЕУ, ќе се зголеми финансиската поддршка од европските фондови за младите земјоделци кои сакаат да започнат свој агробизнис“, изјави Николовски.

Воедно министерот Николовски ги информираше земјоделците од Старо Нагоричане за тековните мерки кои се преземаат, како и за идните политики за развој на земјоделството. Една од новите мерки како што посочи Николовски, е новиот Закон за пасишта, со кој ќе се регулира доделувањето и користењето на пасиштата, што беше нотирано како слабост и од страна на ЕУ.Во рамки на посетета министерот Николовски имаше работен состанок со градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, на кој што се разговараше за мерките од Програмата за рурален развој, за кои што можат да конкурираат општините, а кои што ќе придонесат за подобрување на патната и канализационата инфраструктура.